Која е приказната зад Фејк илустрации?
Едно нешто што секогаш ме привлекувало е едноставноста – во живеењето, во постоењето, во создавањето. Фејк настана како резултат на мојата потрага по нешто едноставно, нешто што не опишува сите, што постои како нишка која ги поврзува сите наши секојдневни искуства.
Дали името Фејк потекнува од англискиот збор fake кој значи лажно, фалсификат, измама? Зошто го одбра?
Морам да признаам дека Фејк потекна од изреката fake it ’till you make it ☺️
Каков впечаток сакаш да ѝ оставиш на твојата публика?
Уф, тешко прашање ☺️ овие илустрации почнав да ги правам само за себе, и за моите најблиски, но откога видов дека оставаат голем впечаток, решив да ги споделам со сите! Можам да кажам дека ми е мило што толку многу луѓе се поистоветуваат со нив, навистина не го очекував тоа!
Кои се твоите најлуди соништа за Фејк илустрации?
Најлуди соништа? Хм, океј, како и секој артист што пробува да се пробие на сцената, звучи одлично Фејк да стане еден препознатлив бренд. Не сум размислувала што понатаму, но ако застанам и размислам, верувам дека ќе се сретнам со желбата да понудам повеќе на пазарот од илустрациите (можеби нешто што луѓето ќе го носат или поседуваат). Сепак, не постои поголема почит кон артистот од тоа да “те препознаат”, нели?
Автор: Клелија Живковиќ
Илустрации: Фејк илустрации