PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Фантазија и еуфорија – „Допирна точка“ го најавува својот втор настан!

PopUp by PopUp
мај 31, 2023
in Настани
0
Фантазија и еуфорија – „Допирна точка“ го најавува својот втор настан!
419
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Допирна Точка“ е колектив од млади креативци и љубители на културата и уметноста во Македонија коишто сакаат да им овозможат прилика и платформа за изразување на уметниците, преку споделување на нивните уметнички дела на културните манифестации кои ги оддржува ,,Допирна точка”. Па токму од таа појдовна точка, оваа платформа служи за поддржување и негување на сите уметници, креативни умови и љубители на уметноста.

Целта на ,,Допирна точка” е да ги опфати делата од македонската музичка уметност, кинематографија, поезија, проза, ликовна уметност, фотографија, мода и моден дизајн, каде што тематската содржина ќе биде различна на секој настан, а преку тоа, ќе се овозможи креативно ,,катче” за колективно воздигнување на уметниците од Македонија.

Можноста за претставување на делата на уметниците кои сакаат своите идеи и креации да ги прикажат на ,,катчињата” на ,,Допирна точка”, се овозможува преку јавните конкурси за пријавување.

Конкурсите се поделени на четири дела:

– Музичка уметност

– Ликовна Уметност / Фотографија

– Кинематофрафија

– Мода и Моден Дизајн

Конкурсите и настаните на ,,Допирна точка” се поврзани со конкретно одредена тема, којашто се менува на секој нов повик за конкурс. Преку тоа, целта и желбата на колективот е да ја поттикне креативноста и имагинацијата за творење на уметниците и креативците од Македонија. Првата тема којашто беше во складот за креирање,  беше под името на ,,Фантазија”.

Колективот на ,,Допирна точка” најави и втор настан кој ќе биде под тематската содржина на ,,Еуфорија”, што претставува продолжеток на идејата зад која творат. Вториот настан на ,,Допирна точка” ќе се оддржува на 1-ви јуни, со почеток од 19:00 часот во Groovelyn.

,,Допирна точка” ве очекува на колективно негување и возвишување на културата и уметноста во Македонија.

 

Previous Post

Џон Апелгрен: За мене џезот ја претставува највисоката форма на музиката

Next Post

Отворање на самостојната изложба „ЕЛАСТИЧНО НАСИЛСТВО“ на Јован Јосифовски

Next Post
Отворање на самостојната изложба „ЕЛАСТИЧНО НАСИЛСТВО“ на Јован Јосифовски

Отворање на самостојната изложба „ЕЛАСТИЧНО НАСИЛСТВО“ на Јован Јосифовски

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum