PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Отворање на самостојната изложба „ЕЛАСТИЧНО НАСИЛСТВО“ на Јован Јосифовски

Во рамки на единаесеттото издание на Викендот на гордоста Скопје, на 8 јуни во 21 часот во КСП „Центар – Јадро“ ќе се отвори самостојната изложба „Еластично насилство“ на Јован Јосифовски кој е еден од најистакнатите млади уметници кај нас. Тематскиот фокус на Викендот на гордоста Скопје оваа година е КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии.

PopUp by PopUp
јуни 1, 2023
in Уметност
0
Отворање на самостојната изложба „ЕЛАСТИЧНО НАСИЛСТВО“ на Јован Јосифовски
426
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

„Еластично насилство“ е изложба која нуди поинаква перспектива на чинот, последиците и асоцијацијата за семејното и физичкото насилство врз квир мажите кај коишто изразувањето на секуалната ориентација и ненормативниот родов израз се видливи уште од рана возраст. Како референца во своите дела, Јосифовски ги користи насилните ситуации кои датираат од неговото детство. Во процесот на уметничко истражување поврзано со подготовката на оваа изложба, тој собира искуства од двајца постари геј мажи коишто анонимно ги раскажуваат своите приказни, со што се обидува да ги воспостави трансгенерациските релации како критички контрапункт на хомонормативните идеали на младоста, и на линеарните наративи за прогрес кои гледаат со срам на минатите искуства на плакарот и „назадните чувства“ специфични за овие историски искуствата.

Во три наративи во прво лице, насилството е асоцирано со конкретен предмет присутен во моментите на насилниот акт, како објект со кој се нанесуваат физички удари. Детски играчки, земјоделски алатки и обични перници за спиење – се предметите кои создадени за очигледната употреба веќе одамна, сега добиваат нова функција и значење во просторот, како предмети кои засекогаш оставаат двосмислено значење во перцепцијата кај поединците. Во рамки на изложбата, различни предмети, се преуредени во просторот на тој начин што создаваат облак на асоцијации со цел да се создаде афективна атмосфера која ја евоцира негативната конотација на предметите. Инсталацијата создава простор преку кој предметите се истакнуваат во физичкиот свет со своите нови улоги, доминирајќи го простор во кој нема нити место нити желба за нешто повеќе.  Предметите стануваат фрагмент врзан за искуството на сопствената сексуалност, за казната, за релациите, за влијанието, за сѐ она добро што можело да се случи, а не се случило. Во рамки на изложбата тие се поставени како естетски форми во кои јазот помеѓу концептот и имагинацијата, и функцијата и играта, ја отвора можноста за транфигурација, и спротиставени, но одговорни читања, со коишто е соочена и публиката.

Јован Јосифовски (р. 1993, Ресен) е дипломиран графичар, кој главно работи колажи и цртежи. Работи секојдневно, па така неговите дела претставуваат архивирање во слики на неговите мисли, стравови и ставови. „Многу често почнувам од идеја за нешто премногу лично, а завршувам со нешто премногу актуелно“ – вели тој. Неговите колоритни и директни колажи обработуваат политички, религиски теми, и целат кон провокација и протест. Доаѓа од Ресен од изразено конзервативна средина, а е припадник на ЛГБТИ заедницата, па така темите за религијата и политиката го засегаат и лично. ЛГБТИ заедницата кај нас е многу мала, а тоа што е видливо од ЛГБТИ заедницата е уште помало, затоа што огромен дел од заедницата е закопана под патријархалните и конзервативните општествени норми. „Сè што правиме го гледаат луѓе од нашиот круг и многу е тешко да се појави некој што е од другата страна и да види што се случува“, смета Јован. Според него треба да се биде директен и конкретен, бидејќи во таква средина, метафоричното нема да се разбере. И смета дека треба изложби, како неговата изложба „Низ ножици“ во Комитет, Скопје, 2020 г., да се случуваат и во други градови, бидејќи смета дека „оваа изложба во Ресен би имала поинаква реакција.“ Фасциниран е од работите што не ги сака, кои го ужаснуваат или од коишто се плаши. Неговите дела го имаат влијанието на модната илустрација и поп-артот, како и инспирацијата од крими-романите што сака да ги чита.

Повеќе информации за изложбата и остатокот од програмата можете да најдете во нашиот каталог.

Фестивалот е во организација на Коалиција МАРГИНИ и ЛГБТИ Центар за поддршка, а се реализира во партнерство со ТрансФормА, Заедно посилни, Музеј на современа уметност – Скопје, КСП „Центар-Јадро“ и Тиииит!Инк., a благодарение на несебичната поддршка на Heinrich Böll Stiftung, Фондација Отворено Општество Македонија, Министерство за култура на Северна Македонија, Friedrich Ebert Stiftung и Transgender Europe. Изложбата на Карол Раѓишевски  се реализира во партнерство со Заедно посилни, и е делумно поддржана од Европската унија. Перформансот на Малик Нашад Шарпе се реализира во партнерство со ТрансФормА, и е делумно поддржан од Transgender Europe. СРАМОТА! се реализира во партнерство со Тиииит!Инк. и е поддржано од Шведска и Фондацијата Kvinna till Kvinna.

Фотографии: Соња Ставрова

Previous Post

Фантазија и еуфорија – „Допирна точка“ го најавува својот втор настан!

Next Post

Непознатата приказна на меморијалниот споменик „Македониум“ во Крушево е ставена на филм

Next Post
Непознатата приказна на меморијалниот споменик „Македониум“ во Крушево е ставена на филм

Непознатата приказна на меморијалниот споменик „Македониум“ во Крушево е ставена на филм

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum