В сабота, 2 септември, со почеток во 22:00 часот во „Зеленика Beer Garden“ OVC колектив организираат журка по повод нивниот прв роденден, во која ќе кулминира нивната прва сезона на нашата сцена како мегафон за промоција на електронска музика и уметничкиот развој на млади диџеи.
Ќе настапуваат: Михајло, up and coming DJ, Мартина Пенева B2B со Дина од колективот Mousai, како и резидентите на OVC Petko.ov, Markwon и Chrisot.
Во претпродажба билетите можат да се купат во ShortBus по цена од 300 денари, а на влез ќе чинат 350 денари.
Се гледаме во „Зеленика“!