Министерството за култура информираше дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2022 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена.
На 27 април во МКЦ ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Предраг Урошевиќ – Пепи (1963 – 2007). Изложбата ќе може да се види до 12 мај. Значајни циклуси од творештво на овој ликовен уметник се: Линија и простор, In-Out, Геопоетика, Цртање на животот, Енергија во молив.
Предлог активност за овој викенд е посета на изложбата „Твојата љубов е круна“, поставена во Галеријата на МКЦ. Се работи за осмата изложба на Калина Брајковска, а темата што ја обработува е супер-човек, љубов, слобода.
На 8 април (петок), во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Пејзажи на восхитот“ (Landscapes of Astonishment) на уметникот Дарко Алексовски, еден од тројцата наградени автори за „Најуспешен автор и дело“ на минатогодишното 13. Меѓународно биенале на млади уметници.
Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21 го организира првиот HACKATHON for Immersive Storytelling for cultural heritage на 05 и 06 април 2022 година, во Скопје.
На 2-ри Април во Public Room, публиката ќе има можност за прв пат да го види Влад Илиќ - младиот, талентиран, македонски комичар во своето оригинално издание - со комичниот материјал со кој настапува низ Англија.