Ги оставив солзите
да ја исчистат
шминката што криеше
многу тага.
Продолжив да чекорам
гордо и исправено,
така секогаш гледав ѕвезди.
Те љубев
и се борев како лав.
На улици врева,
брзина, гужва,
никој нигде не гледа.
Патишта кои не водат
до една прегратка.
Дождот ги чистеше
нашите чекори..
Секаде каде што
сме оставиле трага.
Од подот четка земав,
небото го обоив како Пикасо.
Срце планина,
среќата како снег се топи.
Не остана ум во мене,
но изгледаше како да цутам.
Години ќе поминат,
ќе пееме заедно
се’ додека не останеме неми.