Името на овој бенд е игра на зборови со името на британските книги „Where’s Waldo?“ бидејќи им се допаѓало како звучи и како изгледа кога е напишано. Нивните почетоци се во 2014 година во Атина, град во кој израснале и кој растел заедно со нив, и за чија рок сцена велат дека е полна со талентирани музичари чија вредна работа ќе го стави овој град на светската музичка мапа.
Бендот го сочинуваат Јанис Ралис (вокал, гитара), Алекос Вулгакарис (електрична гитара), Василис Нисопулос (вокали, бас гитара) и Манолис Јаникиос (тапани). Во едно интервју раскажуваат за тоа дека Јанис и Манолис имаат особена хемија на сцена и знаат да се задлабочат во нивниот перформанс кој за публиката најчесто е вистинско уживање. Но, она што публиката не може да го забележи е како Манолис му вика „браво!“ на Јанис цело додека се задлабочени во изведбата на некоја песна. Во истото интервју тие кажуваат дека нивниот најголем страв е да се изгубат едни со други и да престанат да создаваат музика заедно.
Нивниот деби албум „Yearling“ (2014 година), го изгради нивниот музички стил што претставува модерен трипи пристап каде сепак наѕираат класичните психоделични звуци од 60-тите години. Критичарите сметаат дека албумот е еден од првите солидни обиди за неопсиходелична рок музика во Европа, што му овозможи на бендот дебитантно појавување на фестивалот Rockwave во 2015 година заедно со бендот „ The Last Shadow Puppets “. За овој настап тие велат дека им бил bucket list момент за кој сонувале. Нивниот следен албум „Hotshot“ (2016 г.) е под влијание на поджанрот класичен рок од 70-тите години и е добар саундрак за секое патување.
Нивниот најнов албум „ Movement In Place“ го издаде продуценската куќа United We Fly во 2021 година, а истиот е испириран од неколку популарни музички жанрови од 70-тите години како што се софт рок, соул и фанк. Секоја песна раскажува приказна од секојдневието во која луѓето доживуваат „Movement In Place“ момент. Овој момент може да се доживее само внатрешно: нешто се менува, а сепак сѐ изгледа исто, времето запира, што му озвозможува на секој да разбере нови работи за себе си и да стане помудар.
Билетите за овој настан се ограничени и можете да ги набавите во Котур, а чинат 200 денари.
Концертот е поддржан од Златен Даб.