Фотографиите на Душан Ристовски ги открив неодамна во најава на социјалните мрежи за неговата изложба што ќе се отвори на 17 март во 20.00 часот во Кинотека. Прелистувајќи го неговиот инстагрампрофил, ме заинтригира необичноста на фотографиите и уникатниот начин на нивно создавање. Тоа беше и повод за овoj онлајн муабет.
На твојот Инстаграм профил пишува дека си „пионeр на уметност создадена со мобилен“. Кога сфати дека тоа што го правиш со мобилниот има уметничка вредност?
Галеријата Гауди од Мадрид ме забележа на Инстаграм и ме покани да учествувам на арт фестивали. И така тргна сè.
View this post on Instagram
Велиш: It’s all about being artistic. Дали желбата да бидеш креативен беше причината за игра или играта со мобилниот ти откри дека си креативен?
It’s All About Being Artistic, всушност е инстаграм-коментар на Abra Galery од Њујорк, и со нивна дозвола го користам. Секако, желбата да бидам креативен е првенствена, но и прерасна во игра, креативна игра… Хахаха.
Мобилна фотографија, дигитална фотографија или нешто заедно е твојата уметност?
Најточно, јас работам MobilePhoneArt, нов дел од дигиталната уметност, што е различно од мобилна фотографија.
View this post on Instagram
Според твоето портфолио, како да си почнал прво со видеоарт и тоа правење спотови за бендови, RiGNA FOLK, германски бенд, Bent, англиски бeнд. Како дојде до овие соработки?
Сè дојде од Инстаграм, галеријата Гауди и RiGNA FOLK. На сите им соопштив дека работам само на мобилен, па отпрвин зачудено ми предложија соработка, да видат што ќе произлезе од тоа. Резултатите се учество на арт фестивали и објавените спотови.
Во описот на твојата работа стои дека ги деконструираш фотографиите за да создадеш нова реалност. Како тече тој процес, што го привлекува твоето око за меморирање на моментот, кој понатаму го обработуваш.
Едноставно сликам сѐ на мобилен и потоа навлегувам во, според мене, интересни слики, ги деконструирам… Се обидувам да излезе некое мое чувство, експресија создавајќи го делото.
Со кои алатки го постигнуваш тоа?
Засега ги користам Toolwiz Photos, Mirror Lab, Photo Grid, PowerDirector, и истражувам нови алатки, секако.
View this post on Instagram
По струка си машински инженер?
Да, јас сум дипломиран машински инженер, по струка работам како претставник на Sony DADS, за изработка и продукција на ЦД, ДВД, блуреи… Но, сѐ помалку издавачите издаваат на овие медиуми.
Дали „играњето со фотографии“ ти е хоби или прерасна во професија?
Хоби што прераснува во професија… Хахаха.
На Инстаграм видов дека твои дела се користат и како принтови за патики, чанти, чаши…
Да, мои дизајни се понудени на Etsy продажба.
View this post on Instagram
Now with NFT?! (ова ми е тотална непознаница)
NFTs e Nonfunguble token, всушност на секое дело се закачува тој токен, како знак дека делото е оригинално и единствено во виртуелниот свет.
В петок отвораш изложба во Кинотека. Конечно реши да ѝ се претставиш на македонската публика, по твоите изложби во Марбеља, Виена, Базел, Стокхолм, Доха. Колку фотографии ќе бидат изложени? Продажна ли е изложбата?
На изложбата ќе бидат изложени 30 дела. Преку скенирање QR-код, на влез на изложбата, (кој е и на постерот од изложбата) се презема каталог во форма на ПДФ.
Каталогот е кликабл, т.е. клик на посакуваното дело ве води до линк за продажба. Понудена е продажба на сите 30 дела во лимитирана едиција од само 20 дигитални принтови на капафокс – врамени, нумерирани, со сертификат. За времетраење на изложбата, делата ќе бидат со акциска цена. Исто така, понудена е продажба и на NFTs (non fungible tochens) од истите дела, на www.opensea.io
И интервјуво го правиме на мобилен. Користиш лаптоп, компјутер или мобилниот е твој единствен уред за работа? J
Користам и лаптоп, но примарен е мобилниот. Целата уметност, делата, видеата… ги работам само на мобилен. Од мобилен праќам готово дело кај печатар да се печати, а видеата од мобилен во ХД-формат ги постирам на Јутјуб.
Илинка Делчева