Анаморфоза е искривена проекција која бара од гледачот да заземе една гледна точка или да користи специјални уреди или и двете за да може да види препознатлива слика.
Во Сабота 06.05. од 15:00 часот Кафе и филм „Котур“ и организацијата The Base од Ахен, Германија нѐ канат на дружење и уживање во настанот АНАМОРФОЗА.
15:00 / Изложба на @the.base.ev и @philip_wallisfurth
21:00 / музичка селекција на @the.base.ev = / Iva/10 80/Wawa
The Base e.V. – здружение кое веќе 8 години е присутно во културно-уметничката сцена на Ахен, Германија. Нивните проекти бројат изложби, журки, дискусии и музички настани. Eкспериментираат во урбани средини кои првенствено не се наменети за создавање на уметност. Eден од најважните проекти е преимена на бункер од Втората Светска војна во културно-уметничкиот простор „Bunker of Art“ (BOA). Нивната цел е создавање на слободен простор за средба и развој на културната сцена.
Настапуваат:
Iva – фотографка/архитектка/диџејка (техно, брејкбит, електро) – нејзина страст е создавање на платформа за поттиснатите гласови во музичката индустрија
10 80 – фотограф/диџеј/графити (едм, електроника, брејкбит) – очи и уши за архивирање на урбаниот вајб
Wawa – продуцент/диџеј (ло-фи, брејкбит, индустриско техно) – експериментира со секакви звуци следејќи го пулсот на публиката
Benno – фотограф – користи аналогна фотографија, спојувајќи стари техники со нови перспективи
_________
Филип Валисфурт – скулптури, графити, платна. Експериментира со анаморфни инсталации во просторот. Негов производ – инстант среќа.
View this post on Instagram
__________
Нивното НЗС е урбаната уметност како форма на изразување без рок на траење.
Трајноста на нивното творење и начинот на создавање подлегнува под надворешни фактори – како текстура на ѕидови, големина на просторот, расположение на публиката и истрајноста на истата.
Настанот е дел од проектот „aber“, настанат во соработка со Котур Кафе и Филм & The Base; спонзориран од Амбасадата на Република Германијa, Скопје.