Студиото Приватен Принт е самостојна издавачка куќа која од 2016 година игра клучна улога на културно-уметничката сцена во Македонија, но и во регионот. Доколку веќе не сте ги запознале, можете тоа да го сторите преку нивната веб страница, Instagram или Facebook профил.
Овој месец тие објавуваат повик за соработка на интердисциплинарен издавачки проект, е отворен за индивидуални или колективни проекти на културни работници (уметник, куратор, активист, теоретичар, истражувач итн.) родени во С. Македонија, не постари од 35 години, кои се занимаваат со прашања коишто имаат општествена релевантност (човекови права, екологија, архитектура и урбан развој и други теми од значење за нашето општество, заедниците и културата) и имаат истражувачки проект во тек.
Но, што значи интердисциплинарно? Интердисциплинарни проекти се оние чија реализација вклучува повеќе од една дисциплина. На пример, интердисциплинарен проект може да ги комбинира дисциплините дизајн, програмирање и архитектура. Ваквите проекти најчесто успеваат да прикажат некој аспект од општеството од повеќе од една перспектива, нудејќи ѝ на публиката повеќе начини да разбере одреден проблем или појава која ги засега.
Доколку ви е потребна инспирација за подготвување на апликација за нивниот отворен повик, погледнете дел од нивните минати проекти на овој линк.
Повеќе информации за отворениот повик можете да најдете на нивната веб страница, но најважната информација е дека повикот е отворен до 30 ноември 2022 година.