PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Зимските престолнини на Европа

popup by popup
јануари 25, 2021
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Талин
Талин изобилува со својот шарм, благодарение на неговите замоци и прекрасната локација на Балтичкото Море. Градот има еден од најдобро зачуваните историски центри во Европа, со многу средновековни цркви и трговски објекти, кои се под заштита на УНЕСКО. Погледот кон центарот на градот од замокот Томпеа е прекрасен, без оглед на годишното време, но тој уште повеќе доаѓа до израз кога има снег, а всушност на Балтикот зимите се секогаш остри и снегот е постојано присутен.

Копенхаген
Главниот град на Данска е една од најпопуларните дестинации во Европа за време на постудените месеци од годината. Копенхаген е познат по снежните паркови во декември и јануари, како и по лизгалиштата што се појавуваат во градините Фредериксберг. Градот е навикнат на својата зимска гостопримливост, а бајковитата атмосфера ја надополнуваат прекрасните мали кафулиња со топли пијалаци, рестораните со сморгазборд (шведска маса), но и прекрасното расположение на локалците, кое лесно може да ве понесе и да ви приреди незаборавно градско искуство.

Прага
И Прага е прекрасна во текот на зимата со своите тесни улички во стариот град и заледените патеки до катедралата Св. Витус. Главните зимски активности во чешкиот главен град се одвиваат на плоштадот Венцеслас, а не помалку атрактивна точка од градот е и легендарниот Карлов мост. Во февруари и март, Прага е актуелна со годишниот Мазопуст фест и Бохемискиот карневал, но дури и да ги нема, градот на Кафка останува прекрасна локација за пиење одлично пиво.

Рејкјавик
Рејкјавик е една од најубавите асоцијации за „зима од бајките“ поради препознатливата аурора бореалис и долгиот мрак што му ја носи зимската ноќ на далечниот Исланд. Новогодишната ноќ е посебно убава поради многубројните огномети што ги осветлуваат вулканските врвови околу градот, но и февруари има добра понуда за жителите и за посетителите. Тогаш се случува познатиот Фестивал на зимските светла, кој нуди одлични културни настани и уметнички шоуа. Се разбира, никако не смееме да ги заборавиме базените на Сината лагуна и скијачките терени Бјафјол и Скалафел.

Виена
Минатата година, градот Виена беше изгласан за најдобар европски град на Readers’ Choice Awards. Австрискиот главен град секогаш претставува одлична локација за пиење топла чоколада и дегустација на фамозната захер-торта. Љубителите на крофни можат да ги пробаат познатите Faschingskrapfen полни со крем или со џем од кајсија. За жал, традиционалните виенски балови беа откажани, а ако пандемиските мерки го дозволат тоа, Виена и овој февруари ќе биде преплавена со класична опера.

Драган А.

Previous Post

Емилија Колоска: „Лилит“ е нова фаза во мојот живот

Next Post

„Рокс“ – Куфер полн надеж

Next Post

„Рокс“ – Куфер полн надеж

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum