Предновогодишно, Скопски Грув направија едновечерен take over на МКЦ и го прославија своето едногодишно постоење во културниот живот на градот. На настанот One nation under a groove во трансформираната денсинг сала, учествуваа Pirka.avh, Tebo Negget, Oubli, Techtum, неколку графити артисти и еден куп креативци што ја поддржуваат нивната кауза и идејата за неограничен, отворен и динамичен културен простор во кој ќе има место за разновидна публика во потрага по добра журка. Без многу објаснувања, погледнете ги фотките од настанот и доколку не сте биле таму, добро размислете дали вреди да ја пропуштите следната журка на Скопски Грув