PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Земјотрес 8: Ритуал за јакнење на квалитетната македонска музика

popup by popup
јануари 28, 2020
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Како и секоја година, така и оваа, Младинскиот културен центар Скопје ќе биде домаќин на најубавата домашна музичка прослава, проследена од најличната младост во Македонија. Дваесет и два музички состави/артисти, поделени на 3 стејџа, во рок од 9 часа ќе ни раскажат за најактуелното во современата македонска музичка продукција. Артисти од сите жанрови, некои реномирани, некои можеби и ѕвезди, а некои сосем непознати, рамо до рамо, со еднаков третман и простор. Комплетни рокенрол легенди од типот на Last Expedition, или џезерите Sethstat; реномирани состави што оставиле траен белег на сцената како Shock Troopers, Robotek, PMG Kolektiv; млади автори, па и дебитанти, меѓу кои Svetlost, BarumBarum, Galatheia, MvrSvr, Blackstate, Daktili, Dragi Iganov… само некои од имињата што ќе можете да ги проследите оваа сабота на 1 февруар, со почеток во 19:00 часот во МКЦ. Билетите се одамна пуштени во претпродажба. Цената е навистина симболична, 250 денари, а фестивалот обично се распродава однапред, од причина што за него владее невидена еуфорија. Атмосферата е забележително пријателска, тукуречи празнична, а останува впечатокот дека сте присуствувале на настан со вистинска супстанца. На штандовите на независните дискографски куќи може да набавите македонски музички изданија по промотивна цена, маички и слични тракатанци. Ма супер е! 🙂

И уште ова:
Земјотрес во Скопје удира токму во миговите кога луѓето ќе го изумат чувството за заедништво. Кога ќе снема минимален заеднички интерес, кога моралот не е во мода веќе. Фестивалот Земјотрес е ритуал за јакнење на заедништвото на квалитетната македонска музичка сцена, со желба да покажеме релевантна содржина во време на инстант потрошувачка и вредности вон континуитет. Генерациите, музичките стилови, па и идеалите се менуваат, но алтернативната културна понуда е есенцијална за поттикнување на духот на новите, сè побројни сограѓани со пософистицирани естетски потреби.
Земјотрес е директна комуникација помеѓу генерациите, музичките стилови и навидум различните интереси на нашите музичари. Широка платформа за презентација на едно постоење, но и постојана промена. Некомерцијален манифест во интерес на духовната и економска оправданост на нашето музичко шаренило. Вашето присуство е директна инвестиција во солидна иднина. Придружете ни се, заедно сме сцена. А, да… и сила.

Мирко Попов
(Текстот не е лекториран со цел да се задржи неговата автентичност.)

Previous Post

„1917“ – Трка со времето вредна 1600 животи [рецензија]

Next Post

Владимир Петровиќ: Уметноста треба да ја менува свеста на луѓето

Next Post

Владимир Петровиќ: Уметноста треба да ја менува свеста на луѓето

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum