Иако досега имале само 7-8 настапи, Насте и Шишка од ZeeBomb се одлично музичко дуо. Дојдоа на лабава дружба во PopUp за да ни раскажат што им се случува во моментов, како се возат со hype-oт по песната „Лаганини“ (секој ден, ден, ден…:) ) и кои им се следните планови. Пред да го прочитате разговорот, доколку сакате да ги слушнете во живо, направете си reminder дека следните настапи им се: утре на Конект фестивал на Школка во Парк, на 18 април на Thursday Shake во Епицентар и на 26 април во Дом на млади во Штип 😊
Како се запознаа Насте и Шишка и како станаа „ZeeBomb“?
Насте: Се запознавме на 14 години. Имав другар со кој правевме freestyle на Facebook хаха, он и Шишка се знаеле од поодамна и една вечер го стави во групен chat и правевме/пишувавме freestyle сите заедно. Тоа беше нашиот прв контакт. Ден после тоа излеговме и меѓу нас се осети хемија како да се знаеме цел живот.
Шишка: И тогаш како и сега двајцата бевме луди по музика. Цело време зборевме за песни, рими и слично, нон стоп правевме freestyle и јасно беше дека мора да снимаме нешто како дуо. А идејата за името ZeeBomb дојде од Google Translate, сосема рандом, ставивме текст и го пуштивме Google да ни го изрецитира хаха. Зборот „зае*авам“ звучеше како „ZeeBomb“ и не се мислевме многу, едноставно ни се свиѓаше како звучи и одлучивме тоа да биде името по кое ќе се водиме.
Прашање од фан: Што ви значи бројот 31?
31 не е само број. 31 нè претставува нас и нашата екипица. А што конкретно значи мооожеби понатака ќе откриеме, сега за сега нека остане тајна.
Како настана „Лаганини“, песната со која цел град chill-a во моментов?
Идејата за песната беше инспирирана од еден лабав freestyle, уште претходната година во април. Пошто бевме доста лабави, лабаво ја влечкавме песната и ја снимивме два месеци покасно. Договоривме спот со @leletomi, кој беше планиран да излезе во ноември 2018 год., но поради некои компликации излезе сега во март. Битно излезе, така?
Сакате да се фузирате заедно или поединечно во соработки со други артисти. На посебен начин ли функционирате кога треба да направите нешто сами двајцата како ZeeBomb?
Зависи од ситуацијата. Најдобро функционираме кога делуваме заедно, но добро се снаоѓаме и поединечно.
Со кој артист најмногу би сакале да направите соработка, вашата dream collab?
20 минути мислиме и се трудиме како да го одговориме прашањево, и не ни паѓа никој на памет конкретно. Sorry.
Имате ли планови за албум и како го замислувате?
Да, секако. Имаме планови за албум, а идејата е да се претставиме ние, нашиот стил и нашата перспектива на работите. Има да го искинеме хихи
(Текстот не е лекториран со цел да се зачува неговата автентичност)
Јосип Коцев
фото: Елена Фиданска, Ања Калин