PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Иднината на луѓето без дом

popup by popup
април 15, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Колку често додека одите да завршите некоја работа низ центарот на градот гледате бездомни лица? Колку сме бесчувствителни за тие сценарија на кои секојдневно сме сведоци? Дали ако дадеме 10 денари ќе помогнеме или може да се направи нешто посуштинско?

Темата бездомништво е актуелна низ целиот свет. Причините една личност да стане бездомник можат да бидат најразлични и може да му се случи секому. Дизајнерите и архитектите креираат секакви решенија што би можеле да им го олеснат животот на бездомниците.

Овој предлог-концепт користи корпа од супермаркет и најлон; тоа се материјали што можат да се најдат на улица, а од кои може да се изгради засолниште.

Друг интересен пример е овој расклоплив предмет што би можел да им биде дониран на бездомниците и кој тие би го носеле со себе, а по потреба можат да го отворат за да преспијат.

Најинтересна од сите е идејата на словачкото архитектонско студио Designdevelop, кои имаат замислено да создадат дом за бездомници на секој билборд. Финансирањето за одржувањето на домот би било од спонзорираните реклами, а исто така би се користел и дотокот на електрична енергија. Оваа идеја е многу интересен спој на маркетингот и социјалната работа и тука маркетингот добива социјална функција, што во суштина треба да биде и иднината на рекламирањето на брендовите.


Но дали само засолниште им е потребно на бездомните лица? Во Рим папата Франциско во соработка со брендот Whirpool отворија простории со машини за перење, каде што бездомниците ќе можат да си ги исперат алиштата. Исто така, некои фризери во Италија одлучиле еден ден од месецот да работат беспари за бездомниците. Овие фризери се многу поценети од другите заради социјалната работа.

Иницијативата Hang Up Help Out циркулира низ целиот свет, каде што на хартиени закачалки можете да обесите алишта што не ви требаат и бездомните лица можат да ги земат.

Во Лондон се поставуваат фрижидери наречени People Fridges, каде што компаниите и луѓето што имаат храна што им останала, а е близу до истекот на рокот, ја оставаат во овие фрижидери и бездомниците можат да ја користат.

Во Скопје веќе четири години постои иницијативата „Ретвитни оброк“, која организира групно готвење оброци за бездомните лица. Нивните настани се дружељубиви и докажуваат дека сочувството за бездомните лица постои и кај нас. Оваа прекрасна иницијатива треба да биде почеток за многу поголема ангажираност на сите луѓе околу ова важно прашање, вклучувајќи иновативни и креативни решенија, како и активна вклученост на бизнис-секторот.

Сара Симоска,
архитект

Previous Post

ZeeBomb: Луди по песни и рими

Next Post

Анушка Шанкар: Уметноста им помага на луѓето да се поврзат со своите духови, емоции и со нивната емпатија

Next Post

Анушка Шанкар: Уметноста им помага на луѓето да се поврзат со своите духови, емоции и со нивната емпатија

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum