PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Завршна конференција на европскиот проект “Big Time Takover” денес и утре во МКЦ!

Завршната конференција во рамки на европскиот проект “Big Time Takover”, со учество на културни работници и едукатори од Associazione culturale Mulab од Италија, Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска), денес и утре ќе се одржи во МКЦ Скопје.

PopUp by PopUp
април 24, 2023
in Уметност
0
Завршна конференција на европскиот проект “Big Time Takover” денес и утре во МКЦ!

Од книгата „Гаја и градината“

402
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Јавниот дел на програмата се состои од отварање на изложба во Галерија 2 (над Кино Фросина) во понеделник, 24 април, со почеток во 18:30 часот, која нуди можност да се запознаат учесниците и да се претстави документација на активностите на сите партнери од проектот. Од Р.С. Македонија ќе биде претставен трудот на ученичките Ева Божиновска, од С.У.Г.С.,,Никола Карев” во Скопје, која ја напиша приказната “Гаја и Градината”, дистописка претстава за свет во кој се губи контактот со природата, која потоа беше илустрирана од Елена Апостоловска, Мирјана Спасоска и Јана Стефановска, ученички во втора година во средното уметничко училиште ДСУЛУД ,,Лазар Личеноски” во Скопје, на одделот за мултимедија. Во тек е подготовка на публикација која ќе биде промовирана пред јавноста во текот на месец мај 2023.

Следниот ден, во вторник, на 25 април со почеток во 10:00 часот во Кино Фросина, ќе се одржи завршната конференција. Воведен збор ќе имаат Маргарита Арсова, координаторка на проектот од страна на МКЦ заедно со Христина Иваноска и Јане Чаловски, визуелен уметници и ментори. Ќе следува презентација на Хајан Ал Халаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник во проектот „ГРАДИДНИНА: Градината како инструмент, пермакултура како методологија“. Ќе следат презентации на партнерите Сара Симеоне и Барбара Руиз Лопез, Матерахуб од Италија, Енцо Пелегрини и Ана Марија Пиколи, Мулаб од Италија, Венанцјуш Охманод Фондацијата Артерија од Полска, Андреа-Фотини Хаџиконстантину и Аријана Тортели, од организацијата Надеж за деца, од Кипар, како и Тревор
Бурџис, од оранизацијата Ринова од Лондон, Велика Британија.

ЈУ МКЦ од јуни 2021 е дел од овој значаен меѓународен проект развиен преку „Ерасмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства, кои вклучуваат образовни програми за млади“. Проектот има за цел да ги поттикне младите да ја користат својата креативна моќ и потенцијалот на модерната технологија за да проговорот на прашањата што ја засегаат заедницата. МКЦ во овој проект ја согледува можноста да ги вклучи младите во креирање на содржина што е во склоп на проектните активности и цели, но најмногу во интерес на сегашната итност во креирање на грижлив пристап кон природата.

Previous Post

🌴Војна на ѕвездите: Хаваи🌴

Next Post

Кога Вардар играше во мрак (задоцнета репортажа)

Next Post
Кога Вардар играше во мрак (задоцнета репортажа)

Кога Вардар играше во мрак (задоцнета репортажа)

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum