Прво па женско е фестивал за феминистичка култура и акција, чиј фокус е оградување и обезбедување на простор и платформа за сите оние кои активно се занимаваат со преиспитување и напуштање на доминантната и обременувачка патријархална култура. Фестивалот нуди алтернативни мрежи и погледи кон идни начини на здружување на сите оние кои системски истуркани, а експлоатирани.
Годинава Прво па женско #9 отвора дискусија и го преиспитува концептот на ‘јавно’, во контекст на светска пандемија, но и локално. Во време на екстремно видлива родова, класна и расна поделеност, просторот помеѓу нас освен што стана визуелен симбол на пандемијата, дотолку појасно ја откри и тензичната сопоставеност на јавните и приватните добра.
Овогодинешната програма на Прво па женско #9 ја проблематизира и ѝ доделува централност на идејата за пристапност до она што се смета за јавно и за она што се гледа како приватно; го анализира јавниот дискурс во однос на она што се перцепира како јавно и расположливо средство за користење; ги разгледува јавните простори како оски за потенцијални алтернативни здружувања. Во прашање се доведува и безбедноста на сите жени и небинарни родови малцинства, еднакво под закана во и вон системите кои би требало да би требало да пружат заштита и грижа.
Програмата ќе се обиде да отвори и дискусии и погледи кон нови алтернативни начини на заедничарење и колективни пракси кои свесно ќе оставаат простор за пробивање на потребите на заедницата, а ќе ги истиснуваат и ќе се борат против исклучувачките и насилничките политики на привилегираните.
Годинешната програма на Прво па женско е реализирана како дел од Women on Women (WoW) проектот. Проектот е кофинансиран од програмата Креативна Европа на Европската Комисија, што Тиииит! Инк. го спроведува заедно со Mesto Žensk од Љубљана, К-Zona од Загреб и Outlandish Theatre Platform од Даблин.
Целосната програма на фестивалот може да ја проследите овде, а во продолжение следува краток приказ:
10.06.2021 – четврток
19:00 МКЦ, плато
ПичПрич слем: Гинеколошки приказни
21:00 МКЦ, плато
Промоција на албум + разговор: Weird Fishes – Мартина Бараковска
22:00 МКЦ, Плато
Концерт: YÖU
11.06.2021 – петок
19:00 МКЦ, галерија
Отворање на изложба: Овцата, змијата, кучката и нивната свиња – Албена Баева
19:30 МКЦ, денсинг сала
Театарски перформанс: Кожурец – Артопиа
Режија: Билјана Радиноска
Текст и драматургија: Билјана Радиноска и Верица Недеска
Играат: Душица Настова, Кристина Леловац, Симона Спировска и Наташа Петровиќ
21.00 МКЦ, плато
Концерт: Димитра
21.30 МКЦ, плато
Филмска проекција: Заедно (Сложни жени диско градат) – Феминистичка платформа Медуза & Центар за визуелна антропологија – Белград
22.00 МКЦ, плато
Диџеј сет: NastasyaКish
12.06.2021 – сабота
13:00 МКЦ, плато
Разговор: Албена Баева & Станимир Панајотов
14:00 МКЦ
Работилница за деца: Платнени торби наместо пластични ќесички – Доротеј Нешковски
20:00 Музеј на современа уметност – Скопје
Филмска програма: Ова не е сон за заеднички јазик, туку за моќна и неверна хетероглосија
Камерадин, Доплгенгер, Србија / 2018 / 7’
Причина на смрт, Џиоти Мистри, Јужна Африка, Австрија/ 2020 / 20’
Растение (879 страници, 33 денови), Рут Хофлих, Австралија/ 2020 / 15’
Филмски перформанс: Земја Женска, Кортни Стивенс, САД / 2017–21 / 62’
Кураторка на филмската програма: Кумјана Новакова
22:00 Музеј на современа уметност – Скопје
Диџеј сет: Мариго
14.06.2021 – понеделник
19:00 ФДУ Летна сцена
Дискурзивна програма: Бескраен попис на екофеминистичка мисла и практика
Програмата е курирана од Кумјана Новакова & ко-курирана од Јана Старделова
21:30 ФДУ Летна сцена
Разговор: Против логиката на немаштија – обратен протест, протестирање и операции на милитантно изобилство – Валериа Грациано & Џулиа Паладини
16.06.2021 – среда
13:00 кафе книжарница Буква
Промоција на книга: Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата – WoW Places
14:00 кафе книжарница Буква
Панел дискусија: Издание на изоставените
На Прво па женско #9 ќе се следат сите актуелни мерки за здравствена заштита, а Тиииит!Инк. ќе се погрижи сите присутни да се придржуваат до протоколите.