PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Зад сцената на Оскарите низ фотографии

popup by popup
февруари 10, 2020
in Филм
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Џеф e познат по своите ангажмани во Vogue, Outside magazine, Verizon и Roxy. Без разлика на тоа дали фотографира славни личности, лајфстајл или патувања, Џеф има натуралистички пристап, а неговите фотографии немаат изнасилена природа и се навистина топли. Липски е познат и по својата способност да создава пријатна атмосфера за фотографирање, па веројатно затоа им е омилен фотограф на Академијата и холивудските ѕвезди.

Годинава, oскаровците заблескаа пред неговиот фотоапарат во сината соба, само неколку моменти откако ја напуштија сцената со статуетките в раце.

Оскарот за најдобра споредна машка улога му припадна на Бред Пит за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“, а Оскарот за најдобра споредна женска улога го доби Лора Дерн за улогата во „Брачна приказна“.

Оскарот за најдобра главна женска улога ѝ припадна на Рене Зелвегер за улогата во биографскиот „Џуди“, а за главна машка улога, очекувано, Оскарот му припадна на Хоакин Феникс за улогата во „Џокер“.

Иако нашиот оскаровски кандидат „Медена земја“ не успеа да стигне до статуетка, мора да се признае дека годинава беше посебно возбудливо да се следи манифестацијата поради вонсерискиот успех на една релативно мала кинематографија каква што е македонската. Оскарот за најдобар документарец му припадна на филмот „Американска Фабрика“.

Ѕвезди на вечерта беа членовите на екипата на јужнокорејскиот филм „Паразит“ кој ги понесе четирите водечки награди на церемонијата: за најдобар филм, најдобро оригинално сценарио, најдобра режија и најдобар интернационален филм.



Previous Post

Македонија на Оскарите: Трета шанса за статуетка

Next Post

Повик за учество на Calle Libre – Фестивал за урбана естетика

Next Post

Повик за учество на Calle Libre - Фестивал за урбана естетика

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum