Графитите сами по себе се посебно атрактивни за младите, кои преку нив често оставаат социјална, политичка или лично уметничка порака, а дополнително задоволство нуди илегалниот начин на нивно создавање. Бидејќи сѐ уште владее перцепцијата дека создавањето графити е чин на вандализам, Calle Libre или во превод од шпански „Слободна улица“, повикува да се освојат улиците, уметниците да ги изразат своите ставови слободно и да воспостават дијалог со публиката.
Овој фестивал ужива голема поддршка од градот, а делата што настануваат за време на фестивалот на огромни површини, на значајни локации се третираат како уметнички дела и се презентираат со курирани изложби. Со поврзување на стрит арт уметници од светот и локалната сцена се создава глобална слика за урбаните движења и тенденции. Самиот чин на создавање уметност на отворено, бесплатна и достапна за сите, полесно привлекува внимание и се доближува до различни групи луѓе. Жителите и туристите имаат уникатна можност да го следат целиот процес во живо и да искусат несекојдневна забава и дружење.
Како придружна програма Calle Librе нуди работилници, проекции, изложби, тури и дискусии каде што се разменуваат идеи за статусот и потенцијалот на стрит артот како форма на уметност.
Датумот за фестивалот годинава ќе биде дополнително објавен, додека повикот за аплицирање е отворен. Ве охрабруваме да аплицирате на овој линк.
Многу од досегашните учесници на фестивалот добиваат понудa за работа на различни проекти, на јавни и приватни простори, во соработка со Calle Libre. Нивните профили онлајн можете да ги погледнете под следните имиња:
Kobra, Zësar, Saddo, Jacoba, Medianeras, Kruella, Edward von Lõngus, Akuma, Skirl, Chinagirl Tile, Marina Zumi, Fefe Talavera, Loomit, Lunar, Kashink, HNRX, Millo, Koz Dos, Frau Isa, Perfekt World, Ruin, Busk, Yubaba, Key Detail, Mr. Woodland, Giuliano.
Фотографии: Calle Libre
Анна