PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Втора проекција на „Тајните архиви на Скопје“ во Кино Култура

popup by popup
ноември 15, 2019
in Настани
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Носител на проектот „Тајните архиви на Скопје“ е НУФЦ Вардар Филм, кој има за цел зачувување и афирмација на материјалното и духовното современо културно наследство на градот Скопје. Покрај зачувување на овие материјали како културно богатство на градот, проектот има за цел да им се претстави и доближи на младите генерации Скопје од пред неколку децении. Едно Скопје полно љубов, едно мирно Скопје кое во исто време во себе го содржи целиот жагор на скопјани. Целта не е само визуелно (преку снимки) да им го претставиме градот на новите генерации, туку и на емотивно ниво да го разберат животот на скопјани. Проектот е инициран, конципиран и координиран од Катерина Габунија, дигитализацијата и дигиталната обработка се на Александар Трајковски, обработката на тон е на Сашко Потер Мицевски, а гласот на Дарко Ристовски.

За колажот од видеа, селектирани се материјали од десетина семејства. Материјалите се од различен тип: родендени, свадби, прошетки, излети во и околината на Скопје. Во нив се бараше белегот на градот, На-ма, Кермес, Дебар Маало со куќички, плоштадот со калдрма итн. Личната приказна на авторката Катерина Габунија, нејзиното детство и тоа што претставува овој град и начин на живеење за неа е надополнет со приказните од снимките.
Колажот од видеа креира всушност лична, емотивна приказна за Скопје и Скопјани, раскажана низ четирите годишни времиња. Идејата на проектот е да не се влијае дополнително на материјалите, ниту пак да се врши измена во монтажата; туку да се прикажат истите во реално светло, онака како што неколку децении наназад биле првично монтирани и режирани од самите протагонисти.

Како дел од проектот „Тајните филмски архиви на градот“ во Кино Култура ќе бидат изложени 54 фотографии. Фотографиите се издвоени и развиени од дигитализираните 8мм и супер 8мм филмски ленти, од домашните архиви на скопјани, добиени по пат на јавен повик. Истите се селектирани од видео колажот “ Тајните архиви на Скопје“. Фотографиите снимени во периодот од 70ите до 90ите години од минатиот век го отсликуваат Скопје и животот на скопјани во овие неколку децении.
„Тајните архиви на Скопје„ е проект подржан од Град Скопје.

Previous Post

„Long play – zabeleške u vremenu“: Фотомонографија со 333 музичари од регионот

Next Post

Гоце Стевковски: Џез-патување со музиката на Radiohead во Филхармонија

Next Post

Гоце Стевковски: Џез-патување со музиката на Radiohead во Филхармонија

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum