PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Волшебно музчко и визуелно патување низ Blackalachia

PopUp by PopUp
февруари 4, 2023
in Музика
0
Волшебно музчко и визуелно патување низ Blackalachia
402
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Пред речиси една година Моузес Самни (Moses Sumney) го издаде својот прв концертен албум „Live from Blackalachia“. Освен што тој е автор на голем дел од музиката и текстовите на песните кои го сочинуваат албумот, Самни е режисер на овој музички пејзаж снимен во Синиот планински венец во близина на Ешвил, Северна Каролина. 

Револтиран од „култот на личноста“ кој владее во Лос Анџелес, во 2017 година Самни решава да се пресели во Ешвил, Северна Каролина. Маѓепсан од пејзажите во неговиот новопронајден дом, тој го создал ова аудиовизуелно патување во текот на два дена, а содржи 14 песни од неговите албуми græ (2020) и Aromanticism (2017). 

„Го снимивме целиот материјал во текот на два дена додека дрвјата ни беа публика, а скакулците придружни вокали. Овој филм е подивена фантазија за тоа како би изгледало не само нашето навраќање на природата, туку и повторното интегрирање со неа,“ вели Самни. 

Психоделичните звуци, зелените пространства, гласот и движењата на Моузес креираат ритуална атмосфера во овој филм, во чие гледање е навистина лесно да се задлабочиш. 

Previous Post

Зоран Кардула: Илустрацијата и дизајнот се жива материја со кои треба да се експериментира

Next Post

Тајните секс-журки на мега богатите

Next Post
Тајните секс-журки на мега богатите

Тајните секс-журки на мега богатите

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum