PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Во октомври одиме на втор прв „ДЕЈТ“ со Сандра Силаѓев во Филхармонија!

На 9 октомври во Филхамонија со почеток во 21 часот, македонската публика ќе има можност да ја гледа Сандра Силаѓев со мегахитот/монодрама „ДЕЈТ“ кој успеа да наполни дворани низ цела Европа.

PopUp by PopUp
септември 19, 2023
in Настани
0
Во октомври одиме на втор прв „ДЕЈТ“ со Сандра Силаѓев во Филхармонија!

Фотографија од изведбата на претставата „ДЕЈТ“ во Скопје во 2022 година. Преземено од Инстаграм профилот на Сандра Силаѓев.

415
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

За монодрамата:

Оливера Живковиќ, средовечна дама и самохрана мајка, излезе на закажан состанок. Сепак, нејзиниот „дејт“ не се појавува.Затоа Оливера чека…

Кој и што? Дали ќе ги дознае резултатите од нејзините медицински наоди? Дали ќе го открие значењето на бракот и заколнувањето на вечна љубов? Како Оливера го третира мајчинството и како ја толкува положбата на жената во денешното општество? Дали ќе разбере зошто должината на фустанот и висината на потпетиците се обратно пропорционални со степенот на морал? Ќе дознае ли дали кафулињата се приспособени на потребите на лицата со посебни потреби? Дали светот е безбедно место за тинејџерките? Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка? Како самохрана мајка го дои своето бебе и оди на работа во исто време?

Оливера се чувствува како дама, бабичка, спинстерка и распуштеница, дури и вдовица, иако – никој не умрел. Ставена во категоризации и меѓу чудните односи на љубовниците во 21 век. Таа верува дека не бара многу од животот, едноставно само она што секој возрасен поединец го сака за себе – да ја најде својата сродна душа. Има ли нешто за Оливера во „целиот овој свет“? Или барем на интернет?

Публиката ќе има можност да го следи текот на мислите на Оливера и да и помогне да го најде одговорот на некои од овие прашања за време на специјалниот епилог на Q & A.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra (@sandra.siladjev)

Билетите може да се купат онлајн тука.

НАПОМЕНА: Оваа монодрама не е за малолетници!

Вулгарноста и вулгарната реторика се користат како инструмент за прикажување на двојните стандарди наметнати на жените.
Снимање и фотографирање за време на монодрамата не е дозволено.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Добро расположение!

Previous Post

Утревечер во МСУ – Скопје се отвора мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ

Next Post

Два настани на Obscure collective викендов во Скопје!

Next Post
Два настани на Obscure collective викендов во Скопје!

Два настани на Obscure collective викендов во Скопје!

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum