PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Утревечер во МСУ – Скопје се отвора мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ

Изложбата „Горчлив шеќер“ е поетична, хумористична и трагикомична приказна за хаотичната современост.

PopUp by PopUp
септември 18, 2023
in Уметност
0
Утревечер во МСУ – Скопје се отвора мултимедијален проект на Ѓорѓе Јовановиќ
402
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Утревечер, во 20 часот, во Музејот на современетата уметност – Скопје ќе биде отворена изложбата „Горчлив шеќер“ (Bitter Sugar) на македонскиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Куратори на овој комплексен мултимедијен проект се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.

Проектот е составен од два дела, просторна инсталација и анимации и видеа, осмислени како фрагменти од актуелната стварност и современиот живот, кои во себе содржат знаци, состојби и ситуации, кои истовремено функционираат во преиспитувањето на локалниот контекст, но овозможуваат и исчитување на влијанијата и меѓузависноста во глобалните текови.

“Во духот на Лотреамон би можел да кажам дека „Горчлив шеќер“ е приказна за случајната средба на Калимеро, една запалка и Доналд Трамп на операционата маса, па оттаму користејќи го искуството на надреализмот и дадаизмот, но сега ставени во нашиот современ, хаотичен контекст, сакав да искреирам дела и простори коишто нема да илустрираат или дефинираат одредени појави, туку повеќе ќе предизвикуваат прашања и критичко промислување на светот во којшто живееме денес. Ми беше важно отвoрањето на теми, кои не се толку често третирани на нашата современа ликовна сцена, како и создавањето на простор за соработка на различни уметнички дисциплини и пробивањето на острите или воспоставени рамки на уметничка креација и продукција“, вели уметникот Јовановиќ.

Замислен како „тотално уметничко дело“, овој проект преку богат иконографски фундус и комплексна мрежа од релации и комбинирање на неколку уметнички дисциплини (визуелна уметност и експериментален филм, анимации и музика) се фокусира на продлабочувањето на врските помеѓу овие уметнички форми, како и истражувањето на можностите за создавање нови уметнички содржини. Јовановиќ преку овој проект прави интегрирање на целокупната негова творечка практика која опфаќа најразновидни изразни форми и медиуми од цртеж и инсталација, до перформативност и интерактивност.

„Проектот претставува синтеза и надоградување на искуствата на историската авангарда, особено на дадаистичките и надреалистичките интервенции, во обид да ги трансформира и употреби во современиот контекст, обременет со предизвиците на (пост)пандемиска политичка и технолошка реалност. Преплетувањето на реалното и надреалното и екстремните точки на нивното среќавање се одразува и преку спојувањето на разните жанрови. Во просторната инсталација која ја сочинуваат огромен број слики и објекти, како и анимациите кои ја активираат, Јовановиќ создава повеќедимензионална наративна мрежа низ која бројните протагонисти и различните состојби во коишто се наоѓаат, се трансформираат на едно друго ниво, како тотална слика за хаотичната современоста“, велат кураторите Јанчевски и Варошанец.

Анимираните видеа се колекција од поетични, хумористични и трагикомични приказни работени според  раскази од неколку претставници на поновата генерација македонски писатели (Румена Бужаровска, Петар Андоновски, Алекс Букарски…) како и идеи на Јовановиќ. Во нивниот фокус се неизвесноста, игноранцијата, преку лични приказни, трагедии и неволји на луѓето на маргините, и преку прикажување на екстреми на човековото однесување во борбата и разбивањeто на стереотипите во патријархалното општество и потрагата по правда и слобода.

Овој проект, преку повеќеслојна и мултисензорна уметничка интервенција има за цел да отвори простор за преиспитување на меѓучовечките релации и да проговори за состојбите на локално и глобално ниво во услови на сложена општествена ситуација, која е одредена од бројни кризи и егзистенцијална неизвесност.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“

Изложбата ќе биде отворена до 10 февруари 2024 година.

Previous Post

Дали „Момчето и чапјата“ е слаткото збогување на Хајао Мијазаки?

Next Post

Во октомври одиме на втор прв „ДЕЈТ“ со Сандра Силаѓев во Филхармонија!

Next Post
Во октомври одиме на втор прв „ДЕЈТ“ со Сандра Силаѓев во Филхармонија!

Во октомври одиме на втор прв „ДЕЈТ“ со Сандра Силаѓев во Филхармонија!

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum