PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

viennacontemporary: Започнува најголемиот саем на уметност за Централна и Источна Европа

popup by popup
септември 20, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во овие четири дена, просторот во Marx Halle, Виена, ќе се претвори во место за презентација на уметнички дела и интеракција помеѓу интернационални уметници, куратори, сопственици на галерии и колекционери.

Во време на брзи промени што не ја заобиколуваат уметничката средина, она што го издвојува viennacontemporary и го прави водечки саем на современа уметност во регионот е изострениот вкус за квалитет, будното следење на културната сцена, отвореноста за експериментирање со најдобри начини за нејзино презентирање и потрага по најинтересни можности за соработки и партнерства. Организаторите годинава најавуваат поинаков формат, специјални презентации и разговори со уметници.



Во рамките на специјалните презентации во Zona 1 место им се отстапува на млади уметници, кои живеат, работат или имаат завршено образование во Австрија. Додека, пак, Explorationsе (ретроспективен) е поглед на избор од дела создадени помеѓу 1945 и 1980 година, уметници што во своите дела рефлектираат политички и социјални промени по Втората светска војна.



Делот Focus е посветен на дела од уметници што преку својата работа ја одбиваат идејата за граници и со тоа поттикнуваат критичко размислување за актуелни концепти како меморија, историја, геополитика. Во центар на интерес е примерот на феноменот „NSK State in Time“, концептуален проект на колективот NSK од 1992 година, како реакција на политичките случувања во Југославија, денес виртуелен дом на повеќе од 15.000 жители во светот.



Разговори со уметници и со експерти се конципирани во делот насловен Next? и нудат простор за дискусии за моментната ситуација како и за потенцијалите на уметноста на локално и на глобално ниво.

Анна
Фотографии: viennacontemporary

Previous Post

Интервју со ирскиот режисер Џим Шеридан

Next Post

Добре дојдовте во Холивуд, ве очекува луда забава и Тарантинова класика! [рецензија]

Next Post

Добре дојдовте во Холивуд, ве очекува луда забава и Тарантинова класика! [рецензија]

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum