PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Vienna Biennale for Change 2019: Краток поглед во иднината

popup by popup
септември 10, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Единствен од ваков вид, кој комбинира уметност, дизајн и архитектура, фестивалот ни овозможува за момент да погледнеме во иднината. Но иднина каква што би посакале, спротивно од кое било апокалиптично сценарио или утопистичка визија. Иднина базирана на вредности, знаење и нови пристапи.
Уметници, архитекти и дизајнери со креативни идеи и уметнички проекти се дел од девет изложби на различни локации во градот. Нивните храбри визии за употреба на артифициелна интелигенција и нови технологии, во обликување иновативни начини на работа, заедничко живеење и одговорно консумирање, отвораат нови перспективи на централни теми што го засегаат нашето време.



Во овој контекст изложбата HYSTERICAL MINING и мултимедијалното шоу UNCANNY VALUES се обидуваат да понудат одговори за улогата на технологијата во создавањето структури на моќ и форми на идентитет и истовремено го доловуваат потенцијалот на вештачката интелигенција во секој сегмент на нашите животи.

Инсталацијата CHANGE WAS OUR ONLY CHANCE е сместена во блиска иднина, во 2047 и претставува оптимистично доживување на светот доколку би ја употребиле можноста на уметноста во обликување на социјалниот развој.


Human by Design, CLIMATE CHANGE! и реинсталацијата на постојана музејска изложба MAK DESIGN LAB прикажуваат концепти и иновативни решенија како реакција на итната потреба за промена и одржливост. Со обликување на начинот на кој живееме заедно, на кој им пристапуваме на ресурсите и начинот на кој работиме, дизајнот како мотор на промени може позитивно да им се спротистави на климатските промени и од масовно потрошувачко да преминеме во одржливо квалитетно општество.

Миграцијата во урбани подрачја во потрага по подобар живот секојдневно наметнува нови предизвици за да овозможат градовите домување, работа и рекреација. Во изложбите FUTURE FACTORY и Future City фокусот е ставен на односот помеѓу човекот и интелигентното домување, кое истовремено треба да нуди задоволство, економска исплатливост, енергетска ефикасност, одржливост и социјална интеракција. Додека овие две изложби нудат визии за подобра иднина, SPACE AND EXPERIENCE ни прикажува избор од реализирани архитектонски проекти што веќе овозможуваат подобар живот денес.

Анна

Previous Post

„Гаврош“: Заеднички свет на децата и возрасните

Next Post

Заврши снимањето на „Прашливи цвеќиња“ – првиот филм на Мирослав Илиќ

Next Post

Заврши снимањето на „Прашливи цвеќиња“ - првиот филм на Мирослав Илиќ

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum