Снимањето се одвиваше непречено и траеше вкупно 7 дена (22, 24-27 Август) на повеќе локации во Скопје како поликлиника Промедика, аптека Јована Фарм, NewMan’s Business Accelerator, Cevahir Sky City и др. Концептот на филмот е стоичкото прикажување на апсурдот и контрадикторноста во животот на двата лика. Меланхоличната смиреност која успеваат да ја задржат и покрај интерниот хаос. Потиснати од своите идеали и гневот од блиското минатото, прават одлуки кои се рефлектираат врз нив во сегашноста.
Актерската екипа во филмот ја сочинуваат професионални актери: Сара Анастасовска, Стефан Вујисиќ, Арна Шијак и Христина Цветаноска.
Дел од техничката екипа се Дона Дамеска која е директор на фотографија, Владимир Владимиров како прв асистент режија, Моника Павловска како сценограф, Мила Гавриловска – реквизитер, Ана Тренкоска – шминка, Драган Христов – LUDUS задолжен за костимографијата, Новица Крстиќ – тонец, Мартин Михајлов – камера оператор, Дејан Михајлов – DIT, Јован Саркањац – скриптер, гафери се Марко Најдановски и Роберт Божиновски и Теа Стоименова е графички дизајнер и storyboard artist.
Филмот е независно финансиран, но спонзорски поддржан од Виталија и Пекара Кисми.