Пред извесно време, МКЦ започна со најава на бендовите што ќе настапат на ЗДРАВО МЛАДИ оваа година. Први беа најавени Viagra Boys од Шведска. Viagra Boys е шведски пост-панк бенд, кој со секој нов албум станува сѐ подобар и подобар. Беше планиран за ланското издание, но заради компликациите произлезени од ситуацијата со корона-вирусот неговото доаѓање се одложи за оваа година. Овогодишниот Фестивал на нова музика ќе понуди разновидна програма со најактуелните имиња од новиот бран на музичката сфера.
Денеска стигна и најавата за вториот изведувач, кој ќе се придружи на „Viagra Boys“ од Шведска. Најдобриот руски чин во живо, воедно и првиот руски изведувач на ЗДРАВО МЛАДИ – „Shortparis“! Предводени од харизматичниот фронтмен Николај Комиагин, „Shortparis“ доаѓаат од Русија и се на добар пат да добијат меѓународно признание. Бендот продолжува да гради репутација со нивните неверојатни ритуалистички настапи и темни, електронски звучни сцени.
Настапувајќи на руски, француски и англиски јазик, „Shortparis“ се приближуваат сѐ поблиску до пригоден саундтрак за нивното секојдневие, звук што го отсликува Санкт Петербург како што беше и сѐ уште е. Нивните музички спотови се доста интензивни, како на пример придружните визуелни содржини во „Страшно“.
Текстовите ја отсликуваат моменталната состојба на вознемиреност, додека визуелните материјали се обидуваат да откријат еден вид постојана хистерија. Од бендот раскажувааат дека само неколку часа по снимањето во училиштето, некој повикал полиција за можни терористички активности:
Нашето музичко видео се обидува да ја манифестира состојбата на некој дел од нашата генерација. Таа е провокативна и се однесува на некои социјални трагедии, кои не се рефлектираат во нашата визуелна култура. Табуата и стравовите се отвораат: без оглед што е напишано со арапски букви, „љубов“ или „пријателство“, тоа мора да биде тероризам, ќелавите глави мора да значат нацисти итн. Но, по целата оваа игра со значења, останува само вознемиреноста и таа расте.
Фестивалот ќе се реализира согласно мерките за организирање настани на отворен простор и капацитетот е лимитиран на 500 посетители.