PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Урбани јавачи на бранови

popup by popup
септември 3, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Природните услови на Хаваи, Калифорнија, и на источниот брег на Австралија ги прават овие места најпопуларни омилени дестинации за сурфање. Иако ужива голема популарност, малкумина во светот можат да направат кариера од сурфањето, а како хоби не секој може да си го дозволи. За професионално сурфање пресудно е живеењето во близина на океан или можност за патување, поседување или изнајмување специјална опрема, која, пак, е дел од мултимилијардерска индустрија.

Додека природните ресурси ги создале условите за овој спорт во Америка, во Европа ентузијасти и обожаватели на екстремни спортови препознаваат потенцијал и решаваат да го направат возможен во градот. Брачниот пар од Германија, инженерите и шампиони во скијање во слободен стил, Климашевски, со години создаваат објекти што овозможуваат услови за адреналински спортови во урбани подрачја.

Страста за адреналин и иновативната технологија ги води до идејата за поставување базени што генерираат постојан стационарен воден бран до висина од 1,8 метри. Така, низ целиот свет, нивниот концепт за сурфање во град привлекува секојдневно илјадници сурфери, спојувајќи почетници и професионалци на едно место. Системот овозможува стабилно, сигурно и контролирано сурфање на бран што е прилагодлив по големина и волумен на вода во зависност од потребите и вештините на сурферот. Секој посетител може спонтано да се пријави за почетничка сесија сурфање, а оние помалку одлучните можат да се сместат во удобна лежалка и да уживаат во шоуто на само неколку метри од сурф-авантуристите.

На бордот за сурфање или од другата страна, во публиката, адреналинот е еднакво присутен. Се следи секое движење, а дури и најмал успех на балансирање на почетник се бодри со овации. Возбудата ја достигнува својата кулминација со звуците на диџеј-сетот, сурферски акробации на професионалци помеѓу сесиите, пиво и коктели.

Сурфање во град е веќе возможно на многу места во Германија, Франција, Швајцарија, Австрија, Израел, Јапонија, Русија, а следна цел за освојување се Шпанија и Америка. Да, Америка, со визија дека ова е иднината на сурфањето како спорт!

Сонце, бранови, музика, пиво, згодни момчиња и девојки на борд, во потајно ривалство, препуштени на милоста на водата да ги исфрли од баланс пред очите на публиката, која без да трепне возбудено ги следи, делумно без здив, целосно заљубена… во урбаните јавачи на бранови.
 
Анна
фотографии: CityWave
 

Previous Post

По што ќе го паметиме ЗДРАВО МЛАДИ #9 (галерија)

Next Post

Нов албум на Bernays Propaganda – Втора младост, трета светска војна

Next Post

Нов албум на Bernays Propaganda – Втора младост, трета светска војна

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum