PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Нов албум на Bernays Propaganda – Втора младост, трета светска војна

popup by popup
септември 4, 2019
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Албумот вклучува и гости, од познатиот македонски џез-гитарист Тони Китановски и легендарниот американски басист Мајк Ват („Ништо нема да нè раздели“), раперот Волк Македонски („НАТО влегува во Скопје“), електронскиот продуцент Стојче („Злобен фанк“) и Александар Ниниќ, до Вилијам Бараковски („Ретки билки“, „Дојде живот“).

Следејќи го патот започнат со „Политика“ (Moonlee Records, 2016), ова ново издание е продолжение на нивниот стремеж за активна политичка опсервација врз прашања какви што се граѓанската непослушност и човечките права. Албумот ги обединува влијанијата на пост-панкот од доцните 70-ти и раните 80-ти, њу вејвот, алтернативниот рок, Детроит електрото и балканската фолк-музика. Централниот денс-панк и електро-грувот се комбинираат со минималистички бас-рифови, пулсирачки синт и се разбира, волшебниот глас и лириките на Кристина. Сето тоа резултира со разиграна музичка мешавина и силен одек на протестирачки химни.

Текстовите, се разбира, се социјален коментар, кој нуди перспектива во македонската политика и секојдневието, како и во внатрешните битки што произлегуваат од општествените судири и ги трујат личните односи. Критиката вели дека „Bernays Propaganda“ отсекогаш биле бенд што го третирал општеството, па оттаму во овој албум тие успеваат да ја наметнат темата на политичкото и домашното насилство како две страни од истиот медалјон. Светот е загаден од штетни убедувања и болни идеологии, но сепак во него сè уште растат ретки цветови.

Previous Post

Урбани јавачи на бранови

Next Post

После 25 години – реиздание на „Мојот сон е само мој“ од Suns

Next Post

После 25 години - реиздание на „Мојот сон е само мој“ од Suns

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum