PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

По што ќе го паметиме ЗДРАВО МЛАДИ #9 (галерија)

popup by popup
септември 2, 2019
in Музика
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Новиот простор: МКЦ парк
Целиот амбиент околу „Бомбата“ изгледаше надреално убаво и фино адаптирано. Погледот кон стејџот, во комбинација со доминантната зграда на МТВ во заднина, беше приказна за себе 😊. Еден куп луѓе распостелени наоколу, во хамоци, на масички и столчиња или едноставно седнати на трева покрај музичкиот дел, можеа да уживаат и во гејминг зоната, фото-бутот, a имаше и VR искуство, chill зона и јадење од Веган365Kitchen, Цаци (Fat Kitchen) и Тoto Daily Bistro.

Уживавме во фотографската изложба #МКЦДОКУМЕНТ на Зденко Петровски
Беше убаво да се видат документирани најубавите настани, концерти и лица што ја обележале „слободната територија“ на МКЦ, колку и да е непријатно кога сфаќате дека времето брзо минува и дека на следните изданија на „Здраво млади“ сè почесто ќе доаѓаме само како „млади во душата“ 😊

фото: Соња Ставрова

Rib ја изведоа „Rotator“ заедно со David Best
Македонскиот маркантен бенд Rib ја изведе темата „Rotator“ од својот трет студиски албум што го носи истото име како и бендот. „Rotator“ e соработка со David Best, фронтмен на светски познатите Fujiya & Miyagi, и одлично се вклопи како најава за нивниот настап што следуваше подоцна.

фото: Соња Ставрова

Девојка од Оperators нè потсети дека сме ја заборавиле „Скопје, радост ти ќе бидеш“
Инди-рок бендот од Монтреал ја почести публиката со своето лого на македонски и со одличниот звук на новиот албум „Radiant Dawn“. Македонскиот дел од бендот што го претставува Девојка (Билјана Мирковски), побара од публиката да ја запее емблематичната детска песна „Градот убав пак ќе никне“ 😊. Публиката прифати со ентузијазам, иако можеше да се забележи дека мал број го знаат текстот наизуст. Изгледа сме заборавиле на „градот убав“ и радоста да се биде дел од него.

фото: Соња Ставрова

За првпат користевме припејд картичка за плаќање
Најверојатно за првпат на домашните фестивали и културни настани, а по урнек на големите фестивали низ светот, МКЦ воспостави безготовинско припејд купување со современи инструменти/МКЦ припејд картички. Доколку ви остана кредит, можете да го потрошите до крајот на 2019 година и тој ви важи за сите настани во МКЦ, како и за плочи, маички, албуми, книги во продавницата Ап(о)тека.

фото: Соња Ставрова

Ги чекавме и дочекавме Nipple People
Околу 2 часот по полноќ, сцената и публиката беа наелектризирани од настапот на загадочното хрватско електро-поп дуо „Nipplepeople“. Рекоа дека се среќни што по 11 години се запознаваат со Скопје и направија мошне жив и разигран перформанс, по кој публиката го напушти фестивалскиот простор во очекување на уште поатрактивно 10-то јубилејно издание на еден од најомилените скопски музички фестивали.

фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова
фото: Соња Ставрова




Previous Post

Бенедета Барцини и Бенјамино Барезе: Да се исчезне во филмот

Next Post

Урбани јавачи на бранови

Next Post

Урбани јавачи на бранови

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum