Авторот Алекс Аксон вели дека во овој проект нема „финта“, ниту пак лекција која треба да се научи. Само треба да го замислиме светот каков што го познаваме денеска, дозволувајќи си себеси да ја набљудуваме и најтенката линија што го обликува, секоја геометриска форма што го држи сите тие линии заедно… „Urban moods“ е едноставна и искрена прошетка низ животите на другите луѓе преку минималистичка опсервација, сликана во црно-бело.
Алекс Аксон е наградуван романски фотограф зад кого стојат голем број изложби. Вообичаено фотографира апстракции, конкретно за „Urban moods“ вели:
„Проектот, како и поголемиот дел од мојата работа, е експеримент заснован на премолчаниот договор со надворешниот свет дека можам да замрзнам некои делови од реалниот живот во фотографии за доброто на гледачите.“