PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Помеѓу зборот и сонот“ – монографска изложба на Наташа Андонова

popup by popup
април 5, 2021
in Уметност
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Оваа година изложбата ќе се реализира во МКЦ од 5.4. до 12.4.2021 година, со претставување на монографската изложба „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова.
 

 
На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде што Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци. И како што Наташа ќе каже:

„Детето во нас никогаш не е доволно пораснато за да престане со љубопитност. Ние сме постојано во потрага по нови знаења, искуства и нови светогледи.
Ние сме постојано во потрага по нови знаења, искуства и нови светогледи. Тоа значи дека растеме. Растеме низ игра, а фантазија е горивото за растењето. Тука има препреки, грешки и паѓање, како и во бајките. Во бајките, прозата и поезијата, суштинското добро е коренот на кој почива мотивот и доаѓањето до него е целта.
Во потрага по тоа добро чекорат храбрите јунаци-ликови со атрибути на лојалност, доблест, љубов, љубопитност, заедно со нивните опоненти, во еден виор и вртлог на фабулата. Нивната авантура е наша авантура, се идентификуваме, озонаваме и најмногу од сѐ, создаваме слики, визуелни отпечатоци, кои се складираат во нашето помнење и се помеѓу зборот и сонот се простира сликата, ликот, атмосферата, кои ги викаме илустрација“.
 

Од 2017 Град Скопје е еден од 12-те европски градови вмрежени во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation)
 

Previous Post

„Тото и стравот“ – книга за храброста и за личната борба со стравот

Next Post

Urban moods: Фото-приказна за текстурите на градот

Next Post

Urban moods: Фото-приказна за текстурите на градот

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum