Јапонскиот фотограф Риота Кајита ја истражува уникатната убавина на ледот во неговата серија апстрактни фотографии „Ледени форми“. Кајита живее во Алјаска и ги поминал последните седум години во истражување на најизолираните делови од оваа држава. Тој постојано прави фотографски експедиции на кои ги истражува неверојатните детали направени од природата. Mајсторската уметничка фотографија на Риота го прикажува ефемерниот карактер на природата и претставува сведоштво за неговите набљудувачки вештини. Со својот апарат, Кајита го заробува точниот момент во кој мразот го достигнува врвот, точно знаејќи дека неколку секунди подоцна, неговата убавина ќе се трансформира. Додека многумина од нас уживаат во убавините на зимата, Кајита го носи уживањето на сосема ново ниво, користејќи го како начин да ја истражи суптилноста на природата.
„Формите се мистериозни и зачудувачки, деликатни и краткотрајни. Тие се создаваат тивко, брзо се менуваат и исчезнуваат. Секоја форма е уникатна и различна. Излегувајќи и поминувајќи време на ледените површини во изминативе години, ја почувствував динамичната цикличност на годишните времиња, но исто така и промената на климата. Будно ги следам промените на Земјата. Формите на ледот не се создаваат за да им се воодушевуваат луѓето или другите суштества на планетава. Тие едноставно се дел од природата.“ – вели Риота.
„Ледени форми“ е повик да застанеме и да ги набљудуваме ситните детали околу нас. Но пред сè, тие се потсетник дека уметноста е насекаде, ако погледнете доволно близу.