PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Confession“ на Ishome – краток бран на поспана, современа електронска музика

popup by popup
јануари 10, 2019
in Музика
0
400
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Де­но­ви­ве имав мож­ност да де­ба­ти­рам за му­зи­ка со по­ра­не­шен ди­џеј и страс­твен ко­лек­ци­о­нер на му­зич­ки рек­ви­зити, кој упор­но го бра­не­ше ста­вот за уми­ра­ње­то на „ду­шата“ на му­зи­ката. Имено, со до­за на ра­зо­ча­ру­ва­ње (и нос­тал­гија) збо­ру­ва­ше за вре­ме­то ко­га се це­не­ла „вис­тин­ската“ му­зика, од­нос­но му­зи­ка­та што до­жи­ву­ва live пер­фор­манс од стра­на на „вис­тин­ски му­зи­чари“ пред пуб­лика, со ре­ал­ни инстру­менти, ги­тара, ви­о­лина, та­пани…

Се­ка­ко де­ка не се сло­живме. Ка­ко си­лен вљу­бе­ник во ши­рок спек­тар од му­зич­ки жан­рови, имам го­лем рес­пект кон си­те драс­тич­ни и суп­тил­ни об­ли­ци на му­зи­ка­та низ про­це­сот на ево­лу­ција, ек­спе­ри­мен­ти­ра­ња и поджан­рови, ка­ко и тра­си­ра­ње но­ви па­тиш­та низ ма­гич­но­то му­зич­ко поле. Иа­ко не е ед­нос­тав­но да се раз­бу­ди љу­бов­та кон нов жанр кај му­зич­ки­те скеп­ти­ци и традицио­на­листи, про­бав да го нап­ра­вам тоа со еден ис­клу­чи­те­лен при­мер на пар­че умет­ност што ни до­а­ѓа од мла­да­та и та­лен­ти­ра­на му­зи­чарка, Ishome.

Елек­тро­ни­ка­та жан­ров­ски е мно­гу оп­шир­на и тер­ми­нот не да­ва до­вол­но ин­фор­ма­ции, ту­ку опи­шу­ва са­мо не­кои од ос­нов­ни­те еле­мен­ти на му­зи­ката. Не­кои му­зи­ча­ри има­ат тен­денци­ја да го за­о­би­ко­лат ова ог­ра­ни­чу­вање, и из­мис­лу­ва­ат бо­гат­ство од но­ви фу­зии, микро- или поджан­ро­ви (или си­те од нив во ис­то време), но овој сис­тем по­пуш­та под сво­ја те­жина, би­деј­ќи обич­но зав­ршу­ва со тол­ку мно­гу жан­ро­ви кол­ку што има умет­ници. До­пол­ни­тел­на теш­ко­ти­ја за про­би­ва­ње има­ат ар­тис­ти­те што не до­а­ѓа­ат од ок­ру­жу­ва­ње ка­рак­те­рис­тич­но за ви­ре­е­ње на жан­рот, ту­ку од не­ти­пич­на поч­ва как­ва што, на при­мер, е јуж­на Ру­сија.

До­а­ѓај­ќи од Крас­но­дар, кој во­о­би­ча­е­но не се сме­та за ле­жиш­те на елек­трон­ска му­зика, и без очиг­лед­на под­дршка од доб­ро поз­нат мен­тор, про­ду­центка­та Ми­ра­бе­ла Ка­ри­а­но­ва (Ishome) ро­де­на на 12 де­кем­ври 1990-та се на­о­ѓа во не­как­ва не­ве­ро­јат­на изо­ла­ција. Збо­рот „Ishome“ сам по се­бе е ко­ва­ница, из­мис­лен збор, из­го­во­рен ка­ко „е дома“. Неј­зи­на­та му­зи­ка е опи­ша­на ка­ко микс од ам­би­ен­тал­на елек­тро­ни­ка со техно.

Ал­бу­мот „Confession“ се на­о­ѓа не­ка­де по­ме­ѓу даб­степ­ска пер­му­та­ци­ја и от­во­ра­ње кон неш­то по­ве­ќе ам­би­ен­тално, а вли­ја­ни­ја­та на га­раж и dubstep мо­жат да се слуш­нат во бас во­зе­ње­то на тра­ки­те „Adam“, „Sad Family“ и два­та де­ла од „Tetra 94“.

Теш­ка­та упот­ре­ба на гла­сов­ни при­ме­ро­ци низ пес­ните, се раз­бира, не е ниш­то но­во за овој пра­вец, но се­пак прис­та­пот на Ishome из­гле­да свеж и од­да­ва впе­ча­ток де­ка зад не­го стои умет­ник што љу­бо­пит­но и са­мос­тој­но ги над­ми­ну­ва сво­и­те и мож­нос­ти­те на оп­ре­ма­та уш­те од да­леч­на­та 2005-та. Таа вни­ма­тел­но ја пле­те сво­ја­та му­зи­ка низ бас, во­кал­ни фраг­мен­ти и крат­ки пар­чи­ња сним­ки од инстру­мен­ти на на­чин на кој тие фор­ми­ра­ат неш­то на­лик му­зич­ки пеј­заж. Ка­ко ти­пи­чен при­мер за ва­ков ус­пе­шен обид е пес­на­та „Adam“ (об­рне­те вни­ма­ние на сак­со­фо­нот, има до­вол­но вре­ме тој да се за­поз­нае со уво­то на слу­ша­те­лот, на­мес­то аг­ре­сив­но да го тормози).

Овој от­во­рен, ор­ган­ски скло­пен ал­бум до­не­ка­де пот­се­ту­ва на ат­мос­фе­ра­та што ја нап­ра­ви Trentemøller со сво­јот де­би ал­бум, но слич­нос­та не ле­жи са­мо во де­ли­кат­ни­от „по­мал­ку е по­веќе“ прис­тап ор­ган­ски звук, туку, тех­нички, ал­бу­мот зај­му­ва еле­мен­ти и од ми­ни­мал тех­ното, ка­ко на­чин да се ос­та­не во по­стојан до­пир со „ди­ви­ната“ во себе.

Во таа смисла, не е лес­но да се сфа­ти што на­вис­ти­на са­ка да по­сти­гне ал­бу­мот „Confession“. Тоа е де­фи­ни­тив­но крат­ка и при­јат­на ме­ша­ви­на од неш­то старо, неш­то што им при­па­ѓа на пред­ци­те со неш­то но­во што доп­рва тре­ба да ни при­пад­не нам, но што е она што се крие зад не­го­ва­та сви­ле­но маз­на про­дук­ција?

Всушност, ова мо­же да би­де ток­му по­ен­тата: без ог­лед на тоа што би мо­же­ло да би­де неј­зи­на­та агенда, слу­ша­те­лот не­ма пот­тик да оди под­ла­бо­ко во от­кри­ва­ње на мрзли­во преп­ле­те­ни­те зву­ци во од­лич­на про­дук­ци­ја на Ishome (поз­на­та и ка­ко Shadowax). Не­ма пот­ре­ба да се гри­жи­те да­ли ва­ши­от од­нос со ал­бу­мот е врска од ед­на ве­чер или да се пра­шу­ва­те ка­ко Ishome ќе се раз­ви­ва во след­ни­те го­ди­ни – „Confession“ по­стои ов­де и се­га и обез­бе­ду­ва кра­ток бран на по­спана, сов­ре­ме­на елек­трон­ска му­зика, на ко­ја не мо­жеш да ос­та­неш рам­но­ду­шен.

Неј­зи­на­та му­зи­ка е про­фе­си­о­нал­на им­про­ви­за­ција, не­на­мет­лив шарм ли­шен од ви­зу­ел­на вул­гар­ност, збо­га­тен со еро­ти­ка или, пак, со им­пул­си што ја раз­го­ру­ва­ат фан­та­зи­ја­та да се би­де ед­но со дру­го тело, те­лес­ност, страст и куп от­во­рени, не­од­го­во­ре­ни пра­шања.

Previous Post

Ноќниот градоначалник – цар на ноќта во градот

Next Post

Уметноста на ледените форми (галерија)

Next Post

Уметноста на ледените форми (галерија)

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum