Краткотрајната глетка најпрво се заробува, а потоа му се испорачува, односно му се предава на погледот на гледачот. Кога елементите се ставаат на моја услуга, фотографијата станува предизвик. За неколку секунди. Замислувам сценарио и моите очи се на готовс. Може да трае долго и времето нема ограничување. Запирам само кога сум задоволен. Ми се допаѓа симетријата, убавината на линиите што се наоѓаат на моите фотографии; без сомнение тие ми носат стабилност. Можам да кажам дека фотографијата го осветли моето патување и ме спаси од тешкотиите со кои се соочував. Овие фотографии се обидуваат да им дадат на гледачите малку слобода и можат да бидат забавни, така што секој може да си направи своја приказна. Можеби звучи претенциозно, но ако претенциозно значи да ставите малку лудило, нежност, лутина и емоции низ сет од различни атмосфери, тогаш да, јас сум претенциозен.
фотографии: Стефан Навај