Колекцијата насловена како THINGS е спој на урбаната мода со топлите есенско-зимски тонови, претставена преку уникатни, кул, нови и различни парчиња.
На промоцијата ќе видиме кошули со класичен стил и внимателно избран крој, нови дизајни на дуксери со илустрациите на Dreadpen, зимски капи, маички, како и многу нови стикери, меѓу кои и оние во соработка со Beatrix Crew Dance Studio. Dreadpen најавува долгочасовно уживање во новата колекција, а за грувот на грамофони ќе се погрижи Double G од Скопски Грув.
Во фотосесијата за колекцијата THINGS ги гледаме: Ања Калин зад објективот, а Андреј Мишев, Борјана Јорданова и Ивона Шпунк како модели.
Повеќе информации може да најдете на Фејсбук настанот за промоцијата.
Се гледаме на 28 ноември во Concept 37!