Дали ќе се препознаеме себеси кога би се прoшириле надвор од физичкото тело? Дали сè уште би биле способни да постоиме кога би биле автентично ‘не-содржани’?
Desonanz Festival ја затвора програмата за 2019 со премиера на еден храбар и уникатен перформанс – мултимедијалниот балет концепиран од македонската прима-балерина Ивана Коцевска – “КИНТСУГИ” – претстава за траумите, повредите, навредите кои оставаат лузни од кои не треба да бегаме. Напротив, ги прифаќаме и ги носиме со гордост бидејќи тие се она нешто кое придонесува при нашето оформување, дел од искуствата кои не градат.
Вечерта продолжува со настап во живо на германскиот електронски автор OAKE, продуцент кој со секое издание го дефинира и редефинира звукот на Берлин. После незаборавниот DJ сет во 2016, OAKE се враќа на Desonanz за да го презентира новиот студиски материјал после серија на изданија за 47, SNTS, Downwards и Stroboscopic Artefacts. Неговите настапи во живо се интензивна фузија на театрална перформативност со ригорозни техно-структури која создава романтични емоции сред дистопија на бруталистичка архитектура и первазивна автоматизација.
ОАКЕ е германски експериментален техно-проект што се осмелува да продре во соничните предели на стравот и на неизвесноста. Откриен од Карл „Регис“ О’Конор (Karl “Regis” O’Connor) за неговата издавачка куќа Downwards, ОАКЕ се постави како еден од најуникатните проекти во својот жанр. ОАКЕ создава незаборавен стил што си бара слушатели кои се ослободени од предвидливото морализирање и површното вреднување, кои бараат и создаваат романси во сивиот свет на бруталистичката архитектура и сеприсутната автоматизација. Сега веќе како соло проект на Ерик Оаке, OAKE објавува за профилираните издавачки куќи како што се Downwards, Stroboscopic Artefacts, SNTS, 47, а бил дел од ремикси за издавачи како Horo, Noiztank и Cluster Node. Исходот од сето тоа е звук кој ја освојува свеста на слушателот со строгиот баланс меѓу етеричните и заводливи вокали и ритамот што грми, проектирајќи ги во еден свет каде силите на техно-науката и магијата се наоѓаат во постојана заемна комуникација. Живите настапи на ОАКЕ ги освоија клубовите и фестивалите низ светот, како артист кој ја отворил журката, или имал целоноќна винил сесија, или ја затворил журката со бестрашниот техно звук кој ги спојува разните стилови – секогаш држејќи чекор, секогаш подготвен и секогаш создавајќи чувство на задоволство на подиумот.
Вечерта ја заокружува настапот на француското електронско дуо Parhelic Shell, проект кој на подиумот носи уникатна медитативна и хипнотична визија на современ техно-звук и го претвора во имагинативна фантазма на аналогна психоделија.
Десонанз Фестивалот е организиран во соработка и партнерство на Гете-институт Скопје и 3.14 Брокули – Скопје. Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Француски Културен Центар.
Завршниот Десонанз настан ќе се одржи во Младински Културен Центар – Денсинг Сала на 11.12 (среда) со почеток во 20часот.
Билети можат да се најдат овде.
www.desonanz.org