The Underground Youth ги гледавме и слушавме на седмото издание на ЗДРАВО МЛАДИ, пред Slowdive. Вечерва, со почеток од 21 часот го промовираат новиот албум – „Montage Images Of Lust & Fear“ со концерт во Младинскиот културен центар.
Почнуваат со работа во 2008 г. како креативен проект на Craig Dyer. The Underground Youth во своите изданија се движат помеѓу мрачна филмска психоделија и суров пост панк. Од 2012 г. бендот има остварено бројни долотрајни турнеи низ Европа, концертите постојано им се распродадени и насекаде добиваат пофалби за нивните фестивалски настапи. Преку независната издавачка етикета Fuzz Club Records имаат објавено 5 ЛП и 3 ЕП изданија, сите досега распродадени и препечатени во нови тиражи.
И на претходните, и на новиот албум – Montage Images Of Lust & Fear, тоа што е најкарактеристично за The Underground Youth е нивната способност да создадат мрачен спој помеѓу психоделија, пост-панк, берлински chillwave, goth и shoegaze, но сепак, сето тоа преточено со dream-pop сензибилитет. Нивната комбинација од бучава, сурова енергија и привлечни мелодии доведува до уникатно доживување на нивните настапи, што не е за пропуштање.
Концертната постава на бендот во моментов се состои од: Craig Dyer (вокали, гитара), Olya Dyer (тапани), Max James (бас) и Mark Vernon (гитара).