Во саботата бевме во студио PrivatePrint да ја посетиме изложбата „Never Not in Love“ на уметникот Дарко Алексовски. Како што веќе пишувавме, овој проект произлегува од неговата минатогодишна изложба „Present Past Perfect / Сегашно минато несвршено“ на Факултетот за ликовни уметности.
Ако тогашната изложба беше населување на затворениот интимен уметнички простор со прашања, преиспитувања и сомнежи, сегашната изложба со нејзиниот централен епистоларен сегмент, ја доживеавме како отворање на тој простор, продирање на светлината во него и нудење конечни одговори. Поточно, како конечно заокружување на еден животен циклус и moving on – продолжување напред. Такво и ни беше чувството по излегувањето – ослободувачко! Изложбата ќе биде поставена до петок во извонредниот простор на студио PrivatePrint (Партизански одреди 62, влез 1, стан 4).