Овој еклектичен состав предводен од Marko Vuković со Antonio Bošnjak, Marin Tandara, Branimir Blažević и Bojan Bojko стана една од најинтересните современи појави на поп музика на Балканот. На крилјата на деби албумот „Vanilija“ Svemirko се здоби со многу фанови, пофалби и позитивни критики за релативно кратко време. Таму каде што завршува првиот албум, продолжува вториот студиски албум „Tunguzija“ кој носи само фантастични мелодии и аранжмани, непогрешлива живописна поезија и луди ритми со перфектни звучни ароми.
Од север кон југ, од запад кон исток отсвиреле огромен број на концерти во период од една година. Svemirko ја оправдува довербата што ја добива од публиката а за иднината подготвува нови концерти и нови, ноќни и дневни авантури.
„Svemirko vam daje tajne svemira na dlanu, izbor je na vama“
Високата позитивна енергија на фестивалот цело време ја одржува ЗДРАВО МЛАДИ резидентот, ирецот DJ Fitz. И оваа година со големо задоволство се очекува неговиот настап за престојниот деветти по ред ЗДРАВО МЛАДИ.
Сетовите на DJ Fitz имаат една цел – да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!
Билетите за фестивалот можат да се набават само на билетарница на МКЦ и online преку bileti.mkc.mk по промотивна цена од 400 денари.