PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Стрип-книга за андергрaунд сцената во Кина

popup by popup
ноември 12, 2019
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Џош Феола е музичар и автор што пишува за музика, за визуелна уметност и за технологија. Неговото дванаесетгодишно активно учество како менаџер, промотор и организатор на музички настани и како поранешен тапанар на неколку бендови во Кинам му дава поинаква перспектива во приказната за независната сцена. Како музичар тој е сè уште активен, создава и изведува музика под своето и под уметничкото име Charm.

Криш Рагав е илустратор на стрипови,кој е директно инволвиран во музичките и во културните случувања во Пекинг преку соработката со разни музички компании и фестивали. Негови цртежи се објавуваат на различни медиуми, GQ, BBC, National Geographic Traveller, Buzzfeed.

Според креаторите, визуелниот формат за разлика од класична книга како медиум нуди можност за прикажување и акцентирање значајни детали и секако да допре до поширока и различна публика.



Досега од стрипот што е сè уште во процес на работа, во јавноста го споделија поглавјето посветено на првиот женски панк-бенд во Кина, „Hang On The Box“ (HOTB), кој со својата појава во 1998 година изврши огромно влијание врз доминантно машката домашна музичка сцена и доби интернационално внимание, излегувајќи на насловната страница на „Newsweek“.


Целата стрип-книга треба да ја прикаже уникатната приказна за независната сцена во Кина и на Пекинг како место на отпорот каде што се случи демократското движење ’89 (протестите на плоштадот Тјенанмен) и место-храм, лабораторија на музички случувања како реакција на општествениот контекст, на таканаречената пост-Тјенанмен генерација.
 
Aнна

Previous Post

„Ефектот на среќа“ – Која е вашата дефиниција за среќа? [рецензија]

Next Post

PopUp Faces: Ивона Петрова a.k.a Shpunk

Next Post

PopUp Faces: Ивона Петрова a.k.a Shpunk

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum