Ивона, да речеме дека ти треба да си новиот додаток во твојот сет со бои. Која боја би била?
Би била жолта боја претпоставувам, затоа што топлината во неа гори како сонцето и асоцира на среќа.
Најкул подарок што си го дала некому е…
Рачно изработена кутија, внатре со 253 подгорени минијатурни ливчиња и со 253 причини зошто го сакам.
Последен филм што ме воодушеви…
Midnight in Paris
Филмски лик со кој би излегла во сабота навечер…
Bill Skarsgård
Ако Скопје вакво какво што е постои уште само еден викенд, каде би го поминала?
Викенд би поминала на некоја изложба во некој од музеите на град Скопје, во Кашмир кафе, стар дел во парк покрај езерце и во паркче во Аеродром.
Да можеше да поминеш 15 минути со Салвадор Дали, што би го прашала? 😊
Да можев да бидам 15 минути со Дали би го прашала што размислувал додека ги правел своите дела, да ми раскажува за “Јас сум гениј” и „Ослободување на прстите“ (негови автобиографски книги) и што толку го инспирирало кај мравките и полжавите за да ги вметнува во своите дела.
Најсреќна ме прави…
Кога некои ситуации ме мотивираат или инспирираат да насликам дело, да пишувам поезија и прошетки на снежни тивки улици со сакани луѓе.
Во последно време на мојата плејлиста можеш да ги најдеш…
🎵 Urge Overkill – Girl you’ll be a woman soon,
🎵 Simple man – Lynyrd Skynyrd,
🎵 She said she was a dancer – Jethro Tull,
🎵 Reflections of my life – The marmalade,
🎵 Love of your life – Red Hot Chili Peppers
Град во кој би сакала да живеам…
Фигерес, Шпанија
Која песна би им ја пуштила на тие што те читаа на PopUp? 🙂
Ивона:
фотографии: Ања Калин за Dreadpen Fall/Winter 2019