PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Соџвакани мајстори“: Високата цена на убавината

popup by popup
август 24, 2020
in Уметност
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Во оваа соработка се здружиле уметничките таленти на фотографот Гери Шеридан и моделот Гема Хедли. Сликите ја раскажуваат приказната за битката на Гема во надминувањето на нејзините болести поврзани со исхраната, естетизирајќи ги интензивните емоционални одговори и интензитетот на нејзините чувства, страничните ефекти и лузните.


Во перфекционистичкото општество што ја глорификува формата, а не визијата за функцијата на женското тело, ова уште повеќе ја разгорува актуелноста на темата. Зборовите на Гема под самите слики ја опфаќаат нејзината сила да ја надмине тешкотијата на ситуацијата.

 
Јас сум си сама себеси икона. Ги предизвикувам верувањата и идеалите што ми го опседнаа умот и го доведоа моето тело до уништување.
 


Кога се набљудува однадвор, убавината е задоволство. Убавината е совршенство. Таа е визуелна симфонија, која не бара напор и магепсува. Создава зависност, па ние или ја сакаме за себе, или сакаме да сме убави. Совршеното тело. Убавото лице. Општеството ни кажува дека ова е тоа што го посакуваме, дека тоа е клучот на задоволството. Но што навистина лежи зад сево ова? Отклучете ја предната врата на социјалните медиуми, моделите и нормализираната објектификација, и зад неа ќе ги најдете коридорите на конфликт, хаос и себеиспитување.

Според Шеридан, тонејќи во омраза кон самите себеси, измачувани од она што никогаш нема да бидеме, заклучуваме дека менталната и физичка болка создадена од бескрајните фидови на социјалните мрежи, не смеат да се потценуваат. Мораме да се соочиме со демоните што нè демнат.

 

Previous Post

Prime Skateboarding: Нова перспектива за скејт-културата

Next Post

Ефтеркланг: Трагаме по нови констелации од звуци

Next Post

Ефтеркланг: Трагаме по нови констелации од звуци

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum