PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Prime Skateboarding: Нова перспектива за скејт-културата

popup by popup
август 21, 2020
in Universes
0
403
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Prime Skateboarding за првпат се појавува во Скопје со цел да ги сруши тие бариери на традиционалност. Со нешто ново и невидено, дури чудно за секојдневното око, Prime Skateboarding си воспоставува и си гради свој кат во општеството. Насмевката на лицата на децата по завршените часови е токму тоа што ги поттикнува самите инструктори да вложуваат уште повеќе во тренинзите и да ја шират самата култура, со што на тие што се пронаоѓаат во скејтбордингот им се нудат слобода и љубов кон нешто што е невообичаено.
Oттаму велат: „Скејтот е едноставно нешто. Се качуваш, се заљубуваш и возиш каде било и кога било.“ Нивниот скејтерски ентузијазам беше доволна причина да се заинтересираме за нивната работа и да направиме мал разговор со Јан од Prime Skateboarding.
Како се роди идејата за Prime Skateboarding?
Идејата беше поттикната од самиот недостиг за сериозно сфаќање на самата супкултура, сакам да ја проширам со самото движење и скејт-школата, да споделам нешто што би можело да му дозволи некому нов начин за чувство на слобода.

Зошто сè уште постојат стереотипи и предрасуди во однос на скејтборд културата во 2020 година кај нас?
Мислам дека е до самиот изглед на скејтерите, се носиме како што сакаме, изгледаме невообичаено и на прв поглед делуваме бунтовнички, ама едноставно си уживаме во процесот на возење.


Кој сè може да се запише во Prime Sketeboarding, дали постојат некакви предуслови или потребни предзнаења?
Не постојат никакви предуслови ниту пак предзнаења, потребно е да се проба и да се упати индивидуата на правилен начин, волјата и љубовта ќе си дојдат отпосле.

Кои дополнителни квалитети ги поседуваат инструкторите во Prime Sketeboarding, освен тоа што се одлични скејтери?
Покрај тоа што возат скејт, есенцијално за инструкторите е да бидат позитивни и комуникативни на различни нивоа, да знаат преку лесни примери да му ја доловат суштината на ученикот.


Што му е потребно на градот, и воопшто на нашата држава, за да се развие скејтборд културата и да дојде до едно повисоко ниво?
На самата држава ѝ се потребни различна перспектива и мислење кон скејт-културата, преку отворање на квалитетни скејтпаркови што можат да привлечат внимание од граѓаните и странски интереси, интернационални натпреварувања и да има квалитетна скејт-школа што ќе биде посветена кон самите почетници скејтери и кон скејт-културата.

Драган А.

Previous Post

Макс Рихтер: Креативноста и културата се начин како едно општество зборува со себе

Next Post

„Соџвакани мајстори“: Високата цена на убавината

Next Post

„Соџвакани мајстори“: Високата цена на убавината

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum