Вечерва со почеток од 21 часот, во МКЦ, по речиси една година од издавањето на албумот „Тие се насекаде“, македонскиот хардкор бенд SMUT ќе ја направи и неговата долгоочекувана концертна промоција. Во најавата на настанот, момците од SMUT велат дека гостите што ќе настапат на промоцијата се бендови кои и ним им се допаѓаат музички, па така на сцена ќе ги видиме и SANATORIUM, Зад Аголот и ПОСЛЕДЕН УДАР.