PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

„Природна пластичност“: Кога ќе ѝ раскинеме на пластиката?

popup by popup
април 18, 2019
in Universes
0
399
СПОДЕЛУВАЊА
2.3k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Додека во нашата земја се преземаат граѓански иницијативи за базично едуцирање на населението каде и како не смее да го фрла својот отпад, земјите од Европската унија постигнаа договор за забрана на пластика за еднократна употреба, како што се пластични чинии или сламки. Ситуацијата е алармантна ако се земе предвид дека во моментов има 5.25 трилиони парчиња пластичен отпад во океаните. Од нив, 269 000 тони пливаат на површината, предизвикувајќи ја смртта на 100 000 морски животни и 1 милион морски птици годишно.

Инсталацијата „Природна пластичност“ (Natural Plasticity) на Метју Лапента и Џејна Крудер го прикажува епилогот од користењето пластични производи за една употреба од страна на модерното потрошувачко општество. Исто така ги повикува посетителите да размислат за својот однос кон потрошувачката на пластика. Според авторите, ако сакаме да го промениме производството и начинот на кој се маркетира пластиката, најпрво треба да го промениме поединецот. Со цел да го променат ваквото индивидуално однесување во однос на потрошувачката на пластика, тие го „украсиле“ локалното опкружување со реплики од пластични шишиња, пластични чаши и сламки. На тој начин, преку уметност се обидуваат да го задржат вниманието на гледачот и да го натераат да ги преиспита своите навики. Природата на самиот проект дозволува лесно да се сели на различни локации во релативно краток период. Секој сегмент од инсталацијата се документира од артистите и од јавноста. Целта на „Природна пластичност“ е да отвори дијалог меѓу гледачот и неговите навики за употреба на пластика и да нè праша: Кога конечно ќе ѝ раскинеме на пластиката?






Previous Post

Марко Костовски: Амстердам е чувство (галерија)

Next Post

SMUT го промовира албумот „Тие се насекаде“

Next Post

SMUT го промовира албумот „Тие се насекаде“

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum