PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Слушнете го првиот сингл на интернационалниот прогресивен метал бенд „Agremorta“,

PopUp by PopUp
декември 18, 2023
in Музика
0
Слушнете го првиот сингл на интернационалниот прогресивен метал бенд „Agremorta“,

Дизајн на омот: Хавиер Нортон (Javier Norton)

407
СПОДЕЛУВАЊА
2.4k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

“Agremorta” е колаборативен музички проект настанат во јули 2023 година и почна многу брзо да работи заеднички за да за брзо време создаде многу музика којашто допрва ќе биде објавена. Членовите на музичкиот проект се Кристофер Кронс (Christopher Cronce) и Никола Станојковски, македонско/американско дуо каде што Кристофер е одговорен за композицијата, аранжманот и изведбата на вокалите, како и, пишувањето на текстовите, додека пак Никола е одговорен за композицијата, аранжманот, продукцијата и снимањето на остатокот од инструментите, вклучувајќи гитари, бас, синтисајзери и се останато. Музиката на “Agremorta” вклучува елементи од повеќе жанрови како алтернативен, прогресивен, грув и индастриал метал, проткаено низ една оркестрална, футуристичка и амбиентална музика којашто ја држи основата на звучниот дизајн. Значењето на името на бендот е комбинација на два зборови: Agre – пред, кој потекнува од стар индоевропски јазик, и, Morta – кралица на смрта, што доаѓа од римската митологија.

“Adrocitas” е прв сингл од предстојниот краток албум (EP, extended play) “Anomalia”. Се работи за концептуален албум од 4 песни низ којшто се испреплетуваат и надополнуваат темите од песните во однос на текст, гитарски линии и звучен пејсаж. Во контекст на албумот, “Adrocitas” е интензивна кулминација на приказната. Се работи за ароганцијата на индивидуа во една праведна војна каде што музиката ја одсликува личната рефлексија за моќта и патот до пеколот поплочен со добра намера. За концептот и комплетната приказна можеме да откриеме кога ќе биде издаден албумот за којшто ќе бидете благовремено известени доколку постои интерес за тоа секако. Песната е уникатен спој на сложени мелодии, моќни/груви рифови, слоевит и богат звучен пејсаж и синтисајзери, како и текстови кои предизвикуваат интензивна емоционална експресија. Името на песната е комбинација на два зборови: Adrogantia, што е латински збор за дрскост, и, Ferocitas, што означува храброст предизвикана од внатрешна сила.

Синглот е објавен на 15ти декември 2023 година на сите популарни стриминг платформи како Spotify, YouTube Music, Bandcamp, Soundcloud, iTunes, Apple Music, Tidal, Deezer итн. Исто така, достапно е и лирично видео на платформата YouTube. Вокалите се снимани и испродуцирани во ‘Alatna Studios’ со помош на Ендрју Бери (Andrew Barry). Александар Стефановски беше одговорен за ко-продукцијата, миксот и мастерот на песната, а во траката има и гостинско соло од страна на Луис Снајдер (Louis Snyder). Дополнителни бас линии во песната се снимени од страна на Стефан Стојкоски.

Previous Post

Кумјана Новакова: „Молкот на разумот“ го архивира преживувањето и истрајноста на жени што довеле до една од најзначајните промени во историјата

Next Post

Вечерва се промовира првиот број на возобновеното студентско списание „In medias res”

Next Post
Вечерва се промовира првиот број на возобновеното студентско списание „In medias res”

Вечерва се промовира првиот број на возобновеното студентско списание „In medias res”

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum