PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum
No Result
View All Result
PopUp
No Result
View All Result

Слушнете го првиот албум на Sioto Jazz! 🔥

Sioto Jazz (Сиот тој џез) се македонска поп рок инди џез супергрупа од Битола формирана во 2022 година како духовен наследник на неколку локални акти. Нивните влијанија влечат корени од широк спектар на уметници - од најлудите години на Херби Хенкок и Ник Кејв преку Смешинг Пампкинс и Д Нешнал па сѐ до Мен Ај Траст, Грајмс.

PopUp by PopUp
октомври 25, 2023
in Музика
0
Слушнете го првиот албум на Sioto Jazz! 🔥
429
СПОДЕЛУВАЊА
2.5k
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на Twitter

Темите кои се провлекуваат низ песните од нивниот прв албум се извлечени од непосредната околина: изумирањето на малите места, белата чума, губењето на сопствениот идентитет на тие што одлучиле да останат и начинот како еден црвенокрвен поединец може да се справи со сето тоа – да создаде нешто каде што ништо нема, да го зачува она со кое тој се идентификува и да ископа почит од себеси за тие што одлучиле поинаку. Иронијата на губење на идентитетот е амплифицирана од користење на англискиот јазик во песните, кој луѓето кон кои е насочена музиката секако го разбираат.

Членовите на бендот се: Анастасија Трајковска (вокал), Ева Тодоровска (вокал, пратечки вокал, гитара, бас), Мартин Петковски (гитара, клавијатури, вокал) и Илија Волчески (саксофон).

Работата на албумот започнала во јули 2014, кога ја напишале песната „Rites“, а снимен е во периодот од март до август 2023 година. На него гостуваат и Сантиаго Васкез од Колумбија на класична гитара и Малфрид Вигдал на контрабас и синтисајзери.

Слушнете го нивниот албум на YouTube или Spotify и следете ги на нивниот Инстаграм профил!

Previous Post

Иван Кикерков & Galactic Omnivore: зарази се со ентузијазмот на оваа егалитарна гејмерска заедница

Next Post

FLEX: Со RAGETAPE сакам да им дадам материјал на луѓето што сакаат да слушнат нешто ново на сцената

Next Post
FLEX: Со RAGETAPE сакам да им дадам материјал на луѓето што сакаат да слушнат нешто ново на сцената

FLEX: Со RAGETAPE сакам да им дадам материјал на луѓето што сакаат да слушнат нешто ново на сцената

Please login to join discussion
No Result
View All Result
  • Уметност
  • Музика
  • Филм
  • Настани
  • Интервјуа
  • universes
  • Impresum