Skratch Bastid е моментално најквалитетниот канадски DJ, активен на сцената веќе 15 години. Кариерата ја започнува на DMC, ITF и scribble jam натпреварувањата и веднаш станува фаворит на публиката и жирито. Со повеќе од 150 одржани настапи во последнава деценија, тој важи за еден од највредните диџеи во светот. Неговите сетови кои досега се слушале ширум Северна и Јужна Америка, Азија и Европа и изобилуваат со хип-хоп, диско и рок. Во родната Канада ужива голема популарност, а еден од најзаслужните настани за тоа е традиционалниот „Bastid’s BBQ“ кој го организира секое лето со гости од типот на DJ Premiere, DJ Jazzy Jeff, Just Blaze, Ali Shaheed Muhammad од A Tribe Called Quest, и други.
Неговиот бескомпромисен пристап кон работата го тера да се проба и како продуцент, а во досегашната кариера работел на албумите на речиси сите квалитетни канадски артисти како Buck 65 и Shad. Особено е горд на соработката со Afiara String квартетот, со кои ја издава „classical-meets-turntablism“ компилацијата „Spin Cycle“ која ја изведуваат со Toronto Symphony Orchestra. Во текот на својата кариера, трипати победувал на scribble jam натпреварувањето, а во 2008 година станува првиот канадски DJ кој е номиниран за продуцент на годината на Juno наградите.
Skratch Bastid – мастерот на техничката вештина со шесто сетило кога станува збор за музичка селекција и со заразна харизма на сцена, ќе го слушаме во „Епицентар“ на 28 март, со локална поддршка од Shorty P & Irie Scratch!