Во 1988г за првпат, на Факултетот за драмски уметности во Скопје, се појавуваат ,,Скомрахи” како одговор на потребата на студентите да разменуваат искуства и занаења со други академии и факултети. Годинава, триесет и една години подоцна, студентите ја имаат истата иницијатива за изместување на реалноста.
На македонските студенти, годинива во Скопје ќе им се придружат нивните колеги од Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија и Косово. Скомрахи 2019 ќе има свечено отворање со перформансот „Живот за еден сон“ по повод 50 години постоење на Факултетот за драмски уметности. Истиот перформанс го сочинуваат голем број на сегашни и дипломирани студенти од повеќе катедри.
Оваа година „Скомрахи“ се осврнува на врската помеѓу објективната и драмската реалност со цел да докаже дека уметноста може да ја измести реалноста на подобро.
Оттаму велат: Инспирирани од рубиковата коцка која најчесто симболизира симетрија, ред кој доаѓа од хаотичен и за секого различен пат кон стигнување на решението. Налик, нашиот процес на создавање претстава или филм.
Како секоја година, така и оваа година ќе имаме можност да присуствуваме на СкомрахOFF, придружна програма која ќе понуди музика, дружба и алтернативни активности за сите.
Целата програма на фестивалот можете да ја погледнете овде.